Напад во Анкара: 34 мртви, 125 повредени од кои 19 критично

Триесет и четири лица загинаа, а 125 се ранети од кои 19 се во критична состојба, откако синоќа експлодира автомобил бомба во трговски кварт на турската престолнина Анкара, соопшти министерот за здравство Мехмет Муезиноглу.

„Триесет луѓе загинаа на самото место, четворица починаа во болница. Претпоставуваме дека меѓу загинатите се и еден или двајца од терористите самоубијци“, изјави министерот Муезиноглу за новинарите во Анкара.

Одговорноста за нападот досега не ја презема ниедна група или организација, а министерството за внатрешни работи најави дека името на организаторите на нападот ќе го објави во понеделник, кога ќе заврши истрагата.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека нападот нема да ја намали „решителноста на Турција во борбата против тероризмот“ и дека државата „никогаш нема да отстапи од правото да ги брани своите граѓани“.

„Терористичките организации напаѓаат невини цивили, бидејќи губат во борбата против нашите безбедносни сили“, истакна Ердоган и додаде дека Турција станала цел на терористите поради нестабилноста во регионот последните години.

Според медиумските извештаи, експлозијата се случил во паркот Ѓувен, во близна на автобуската станица на авенијата Ататурк во квартот Кизилај, во центарот на Анкара, околу 18.35 часот по локално време. Телевизијата TRT наведува дека автомобилот бомба, за што се верува дека ја активирал самоубиец, експлодирала покрај автобуси со по околу 20 патници.

Очевидци велат дека чадот можел да се види од оддалеченост од 2,5 километри, како и дека во областа има многу целосно изгорени автомобили.

Оваа експлозија одекна помалку од еден месец од нападот со автомобил бомба во центарот на Анкара во близина на штабот на турската армија, во кој загинаа 29 луѓе, најмногу високи офицери кои се превезуваа со воени автобуси.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more
 

Вести

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Читај повеќе

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Читај повеќе