Наполи го потпишал Осимхен откако добил корпа од Холанд

Спортскиот директор на Наполи откри дека клубот првично го планирал Ерлинг Браут Холанд за предводник на нападот, но морал да се задоволи со Нигериецот Виктор Осимхен.

Кристиано Џунтоли е поранешен дефанзивец за кого ретко кој надвор од Чизмата слушнал, затоа што настапуваше за клубови од Серија Чи и Ди, односно третата и четвртата италјанска лига. Но, подобро му оди работата на биро бидејќи е спортски директор на Наполи. Токму тој октри една интересна занимливост поврзана со клубот од Неапол и норвешкото чудо Ерлинг Холанд.

„Договорот со Салцбург беше веќе завршен, требаше да ја платиме неговата клаузула од 25 милиони евра. Тој и Осимхен беа наши приоритети, па кога Холанд ја одбра Борусија, тргнавме по Осимхен. За нас, тие беа на исто ниво“, вели Џунтоли зборувајќи за  Il Corriere Dello Sport. Веројатно го претпочитале Холанд поради фактот што Осимхен е нигериски државјанин и не се води како ЕУ играч.

Виктор Осимхен дојде во Наполи во септември 2020 година за сума од 75 милиони евра откако Холанд претходно го комплетираше трансферот во Борусија од Дортмунд во јануари истата година.

Денес двајцата се одлични напаѓачи. Холанд растура во Манчлестер Сити, каде се пресели летоска, додека Осимхен веќе трета сезона е во Наполи и има вкупно 33 гола во Серија А. Сезонава по паузата поради повреда игра во одлична форма со 7 гола и 2 асистенции на последните 6 натпревари.

За жал и двајцата нема да ги гледаме во Катар бидејќи ниту Норвешка ниту Нигерија се квалификуваа.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе