Научникот кој го откри омикрон: Забраниве немаат смисла

Австралија веќе ги забележа првите случаи со јужноафриканската варијанта, а Израел ги затвори границите за странските државјани.

Омикрон доведе до сомнеж во глобалните напори во борбата против пандемијата бидејќи постои стравување дека варијантата Б.1.1.529 е многу заразна поради што повеќе земји повторно воведоа строги рестриктивни мерки.

Велика Британија, САД, Холандија, Катар и Кувајт веќе најавија ограничувања во патувањата од Јужноафриканска Држава, а најстроги мерки најави Израел, земја која ги затвора границите за сите странци.

Научниците сега се обидуваат да откријат дали јужноафриканската варијанта ги заобиколува сегашните вакцини.

Вирусот се рашири по светот, од Холандија до Хонгконг и Австралија. Светската здравствена организација ја класифицираше омикрон како загрижувачка варијанта.

Според јужноафриканскиот виролог Тулио де Оливеира, кој ја откри варијантата, забраните за патување научно немаат многу смисла во борбата против ковид.

Де Оливеира потсети дека Вашингтон таква забрана за патувања наметна на Кина на почетокот на пандемијата, за потоа токму САД да имаат најголем број заразени.

„Понекогаш сме казнети бидејќи сме транспарентни и работиме брзо“, се пожали вирологот.

Во меѓувреме, јужноафриканското здружение на лекари (САМА) објави дека луѓето заразени со новата варијанта на коронавирусот не се сериозно разболени. Пациентите најчесто се жалат на болки во телото и умор, односно екстремен умор и тоа се симптоми кај помладите генерации, не кај повозразните лица.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе