НБА: Шоу на Кари и Томпсон во Мајами

Голден Стејт продолжија со брилијантните резултати, откако предводени од двоецот Кари-Томпсон, славеа во Мајами 118:112. Актуелните шампиони имаат скор од 51 победа и пет порази.

Стеф Кари постигна 42 поени, на кои додаде по седум скокови и асистенции, но имаше и седум загубени топки, додека Клеј Томпсон уфрли 33 поени во триумфот на Голден Стејт во Мајами. Бековите на шампионот имаа 50 отсто реализација на шутевите за три поени, Кари 6/12, Томпсон 4/8.

Мајми го предводеше Двејн Вејд со 32 поени, Хасан Вајтсајд оствари двоен ефект од 21 поен и 13 скокови, додека Луил Денг имаше учинок од 16 поени и 11 скокови.

Синоќа сигурни победи забележаа и Оклахома, Кливленд, Торонто, Чикаго и Индијана.

Оклахома славеше над Далас (116:103). Шест играчи на Оклахома постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасни со по 24 кошеви беа Дурент и Вестбрук.

Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс постигнаа по 23 победи во триумфот на Кливленд над Шарлот (114:103).

Индијана славеше над Њујорк (108:105), благодарение на Пол Џорџ кој 25 од своите 27 поени постигна во второто полувреме.

Торонто на крилјата на Демар Дерозан (31 поен) триумфираше над Минесота (114:105).

На другите натпревари: Детроит лесно се справи со Филаделфија (111:91), Мемфис во ЛА славеше над Лејкерси (128:119), Чикаго со тимска игра го порази Вашингтон (109:104), Сан Антонио го победи Сакраменто (108:92), а Денвер ги изненади Клиперси (87:81).

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе