Несекојдневни начини како да се ослободите од стресот

Стресот на работа може да делува како еден вид болест. Мислите ви бегаат, концентрацијата опаѓа, напнатоста расте, чувствувате внатрешна непријатност, паника - ова се типичните симптоми на стрес поради кои го губиме душевниот мир.

Научете да се справувате со стресот, бидејќи тоа ќе ви помогне не само да се вратите во форма, туку и да го забавите процесот на стареење.

Психолозите предлагаат неколку несекојдневни начини за да се ослободите од стресот:

1. Чешлајте ја косата

Во текот на работното време ако работите пред монитор, мускулите на лицето стануваат многу напнати, па главата станува тешка и почнува да боли. Еден од начините да се избегне стресот е да ја чешлате косата 10 до 15 минути.

Оваа постапка помага да се „активира“ крвта и да се релаксираат мускулите.

2. Внимавајте што јадете

Вкусната храна делува како антистрес. Вие сте тоа што го јадете. Добро е често да консумирате риба бидејќи содржи омега-3 масни киселини кои се многу корисни за нервниот систем, помагаат да се одржи доброто расположение, како и да се ослободите од стресот. Ако не сакате риба, тогаш јадете сладолед или банана.

Оваа храна е подобра од антидепресивите.

3. Тријте ги дланките една од друга

Ова е уште еден начин да се ослободите од напнатоста и да го избегнете стресот. Потребно е со сета сила да ги триете дланките, додека не почувствувате топлина. Корисно е и триењето на ушите.

На тој начин брзо ќе се соземете и ќе се фокусирате на работата.

4. Измијте ги од себе конфликтите и стресот

Капењето или туширањето помагаат во борбата против негативни емоции. Застанете под топлиот млаз вода, така што ќе ви ги масира главата и рамената. Наскоро ќе почувствувате како водата со себе го носи непотребното.

5. Купете си боенки за возрасни

Психолозите откриле дека боењето боенка во рок од 2 до 3 минути во периоди на зголемен стрес за петпати ја зголемува веројатноста дека ќе ги извршите сите обврски навреме.

6. Уредна канцеларија

Сортирањето на работите и ставањето на нивно место ќе ви помагне да се фокусирате и да ги организирате вашите мисли. Освен тоа, уредните полици и фиоки имаат позитивно психолошко дејство - надворешното уредување и организација несвесно се пренесуваат и во личниот живот.

7. Танцувајте дома

Секогаш танцувајте додека сте дома. Ритмичките движења со музика помагаат да се елиминира стресот. Освен тоа, танцувањето го доживуваме како забава, за разлика од сличните вежби во фитнес клубовите.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе