ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Невил: Арсенал нема да ја освои титулата, нема да биде ни втор

Поранешниот англиски репрезентативец и поранешен капитен на Манчестер Јунајтед тврди дека лидерот во Премиер лигата нема да издржи до крај.

„Топчиите“ синоќа во големото лондонско дерби го победија Тотенхем со 2:0 и се стекнаа со дури 8 бодови предност пред најбискиот конкурент Манчестер Сити, а за тоа заслуга имаат и играчите на Манчестер Јунајтед кои во саботата со 2:1 ги победија токму „Граѓаните“.

Моментален пласман:

  1. Арсенал 47
  2. Манчестер Сити 39
  3. Њукасл 38
  4. Манчестер Јунајтед 38
  5. Тотенхем 33

Сепак, Гари Невил смета дека тоа нема да биде доволно за Арсенал на крајот од сезоната да заврши прв на табелата во Премиер лигата. Во својот подкаст на Sky Sports прогнозираше дека „Топчиите“ нема да завршат ниту како втори во поредокот. На прашањето дали Арсенал ќе ја освои премиер лигата, Невил одговори негативно.

„Знам дека тоа ќе ги изнервира навивачите на Арсенал, но одговорот е - не. Нема да ја освојат Премиер лигата. Манчестер Сити повторно ќе биде шампион, а мислам дека Манчестер Јунајтед ќе заврши втор. Радо би сакал Арсенал да дојде до титулата, тоа би било добро за Премиер лигата. Би сакал и Јунајтед да ја освои, но тоа сезонава нема да се случи“, рече Невил.

„Реалноста е таква пшто Сити во еден момент ќе тргне со серија добри резултати, а кога тоа ќе го направат ќе играат двапати против Арсенал. Ако Ерлинг Холанд почне да дава голови, одбраната уште повеќе ќе се зацврсти, Сити ќе победува. Ќе дојде период од сезоната во кој на Арсенал ќе му биде тешко. Дали е замисливо Арсенал да продолжи вака? Мислам дека не е. Два пораза и едно реми во три натпревари и повеќе нема да бидат во предност. А, мислам дека токму тоа ќе се случи“, додаде тој, анализирајќи зошто ќе дојде до пад кај Арсенал.

Арсенал во наредните две кола ќе игра против двата ривала од Манчестер. Прво на 22 јануари во Лондон го пречекува Јунајтед, а потоа на 27 гостува кај Сити.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе