Остар пад на Волстрит, се продаваат акции, инвеститорите во страв

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа вчера бидејќи извештаите за повисока од очекуваната инфлација во САД ги намалија надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

Dow Jones падна за 3,94 отсто, на 31.104 поени, додека S&P 500 потона за 4,32 отсто, на 3.932 поени, а индексот Nasdaq падна за 5,16 отсто, на 11.633 поени.

Најголемиот дневен пад на овие индекси за повеќе од две години следуваше по извештајот кој покажа дека инфлацијата во август изнесувала 8,3 отсто. Тоа е, додуша, помалку од 8,5 отсто од јули, но повеќе од очекувањата на аналитичарите од 8,1 отсто. Дополнително, основната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на енергијата и храната, порасна од 5,9 на 6,3 отсто.

Во претходните четири дена, цените на акциите силно пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа на позначајно олеснување на инфлаторните притисоци.

Продажба на акции

„Распродажбата на акциите не е изненадувачка со оглед на силниот пазарен собир што доведе до податоците за инфлацијата“, рече Пол Нолте, портфолио менаџер во Kingsview Asset Management.

По податоците за инфлацијата, надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки исчезнаа. ФЕД ги зголемува каматните стапки од март, а дополнително ќе ги зголеми на дводневната седница на 20 и 21 септември. Се очекува ново, трето по ред, зголемување од 0,75 процентни поени, а дел од аналитичарите сметаат дека е можно зголемување и за цел процентен поен.

„Со претстојното зголемување во септември, ФЕД ги зголеми каматните стапки за цели три процентни поени во последните шест месеци. Се уште не сме го почувствувале целосното влијание од сето тоа, но ќе го почувствуваме. На работ сме на рецесија“, вели Пол Нолте.

Инвеститорите во страв

Инвеститорите стравуваат дека подолг период на затегнување на монетарната политика ќе ја доведе економијата во подлабока рецесија.

Технички, американската економија веќе е во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали бележи пад на квартална основа, но засега рецесијата е плитка.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,17 отсто, на 7.385 поени, додека франкфуртски DAX потона за 1,59 отсто, на 13.188 поени, а париски CAC 1,39 отсто, на 6.245 поени.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе