Ова се најчести грешки во врска со носењето заштитна маска

Ако сакате да се заштитите од зараза со коронавирусот SARS-CoV-2 или да спречите ширење на заразата, носењето маска значително ќе ви помогне.

Препораките на експертите се дека маската треба правилно да се носи за да биде ефективна. Но, некои грешки се прават лесно и несвесно, а со тоа маската ја губи својата намена и заштита. Овие се најчестите грешки што ги правиме при носење маска за заштита од коронавирусот.

1. Не носете ја двапати

Ако користите маска за еднократна употреба, фрлете ја кога ќе се вратите дома. Не носете ја двапати. Ако користите маска направена од ткаенина што може да се пере, исперете ја по секоја употреба.

Откако ќе ја носите маската на јавно место, сметајте дека е потенцијално контаминирана и затоа треба да се измие. Препорачливо е секогаш да имате при рака најмалку уште една резервна маска за да не ја допирате и користите повеќе од еднаш таа што можеби се контаминирала.

2. Не ја допирајте маската со валкани раце

Пред да ја ставите маската, измијте ги рацете со вода и сапун или дезинфицирајте ги со алкохол или друго средство, а додека ја носите маската на лицето, не ја допирајте со рацете. Ако имате коронавирус или други микроби на вашите раце, и ја допирате или гребнете површината на маската, потенцијално можете да ги вдишите тие микроби.

3. Не ја носете истата маска цел ден

Ако излегувате од дома неколкупати во текот на денот и одите во продавница или на други јавни места, препорачливо е да ја менувате маската секојпат, особено ако користите маска за еднократна употреба.

4. Не прскајте ја маската со хемикалии

Не обидувајте се да ја дезинфицирате заштитната маска со прскање со некое средство за дезинфекција. Не е препорачливо да ги вдишувате овие типови на хемиски соединенија. Секогаш е подобро да ја исперете маската или да ја замените со нова отколку да се обидете да ја дезинфицирате со разни средства.

5. Не ја носете маската под носот

Главната функција на маската е да ги заштити устата и носот од вируси кои влегуваат во или излегуваат од телото. Затоа, ако ја носите маската под носот, ја намалувате нејзината ефикасност за половина. За да биде маската ефикасна, треба да бидат покриени и устата и носот.

Покрај тоа, маската мора да биде прилепена на лицето, но проверете дали ви е пријатно. Ако е премногу лабава, можно е маската да не ви обезбеди оптимална заштита.

6. Не носете влажна маска

Маската за лице која е влажна или се навлажнила станува помалку ефикасна, вели д-р Шан Со-Ли, предавач на Институтот за глобални работи Јеил Џексон. Ако во одреден момент вашата маска се навлажни, заменете ја со нова. Исто така, проверете дали вашата маска е целосно сува после перење и пред носење.

7. Не играјте си со маската

Постојаното отстранување и ставање на маската на лицето или играње со нејзините петелки може да ја контаминира, а со тоа да ја направи маската опасна наместо заштитна. Запомнете дека вашите раце не треба да бидат во контакт со маската додека ја носите и придржувајте се до тоа правило.

8. Не ја отстранувајте на погрешен начин

Прв, измијте ги или дезинфицирајте ги рацете. Кога ја отстранувате маската, не допирајте ги очите, носот или устата - на овој начин можете да ги пренесете микробите. Отстранете ја маската допирајќи ги само петелките и измијте ги/дезинфицирајте ги рацете веднаш по отстранувањето на маската.

9. Не ставајте ја во џеб

Не се препорачува чување на маската во џеб за подоцнежна употреба, бидејќи тоа може да доведе до контаминација. За правилно чување на маската, преклопете ја навнатре и ставете ја во хартиена кеса. Подобро е маската да се чува во хартиена кеса отколку во пластична/најлонска, бидејќи хартијата овозможува поголема циркулација на воздухот, што помага да испари влагата.

10. Не користете маска што ви предизвикува непријатност

Ако имате потешкотии со дишењето додека носите маска или ви е непријатно, изберете друг материјал што ќе ви одговара повеќе. Ако маската ви прави непријатно чувство, веројатно почесто ќе ја допирате со рацете за да ја прилагодите, а тоа може да доведе до пренесување на бактерии. Откако ќе пронајдете материјал што ви одговара, не треба да имате потешкотии додека ја носите маската.

11. Не ја допирајте маската со јазик

Ако ја допрете маската со јазик, тоа ќе го навлажни материјалот што ја прави маската помалку ефикасна. Покрај тоа, на овој начин би можеле да ги внесете во телото сите бактерии што се насобрале на маската.

12. Не користете иста маска со други луѓе

Секоја маска треба да се смета за маска за еднократна употреба, при што некои се перат по употреба, а други се фрлаат. Не ја носете истата маска што претходно ја носел друг и обратно – не ја давајте маската на користее на некој друг откако сте ја носеле вие.

Маската сега се покажа како најефикасна алатка против коронавирусот и придонесува за намалена циркулација на вирусот. Не заборавајте да носите маска и физички да се дистанцирате за да се заштитите за време на пандемијата.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе