КУП БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ - БУШТУР 2023/2024

Пелистер ја доби организацијата на завршниот турнир во Купот Благоја Георгиевски-Буштур

Завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се одржи во Градот на конзулите. На турнирот ќе учествуваат 8 екипи, а ќе се одигра во периодот од 15 до 17 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Фото: КФСМ

Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во машка конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување.

По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката сезона 2023/2024 година да му се додели на КК Пелистер од Битола, соопшти КФСМ.

Завршниот турнир во фајнал-ејт формат ќе се одигра во периодот од 15 до 17 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.  

Место во завршницата на ова натпреварување обезбедија екипите на: МЗТ, Еуро Никел, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс и Гостивар.

Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11 одиграни кола) од Првата лига (мажи), во четвртфиналето ќе се сретнат:  

(1) МЗТ – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс
(3) Еуро Никел – (6) Чаир 2030
(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во женска конкуренција. Терминот и местото на одигрување на завршницата на Купот за жени ќе бидат дополнително објавени.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кошарка

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе