КУП БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ - БУШТУР 2023/2024

Пелистер не дозволува навивачи на дербито во Купот, МЗТ и Работнички револтирани

Вечните ривали МЗТ и Работнички денеска од 17 часот ќе го одиграат полуфиналниот натпревар на завршниот турнир во Купот на Македонија. Долго очекуваниот спектакл ќе мине навивачите на двата клуба.

Утрово, МЗТ и Работнички биле известени од организаторот КК Пелистер, дека на нивните навивачи нема да им биде дозволено да го следат натпреварот.

Логично дека оваа одлука, донесена во последен момент предизвика голем револт кај скопските клубови.

„МЗТ Скопје Аеродром денеска по 26-ти пат ќе игра во полуфиналето од Купот на Македонија, што значи дека имаме акумулирано искуство не само на теренот туку и на организациски план. Поради тоа, со сигурност може да кажеме дека ова е преседан каков што досега не е виден, бидејќи куп-завршници и во минатото се играле надвор од главниот град, па никаде не е преземена ваква непопуларна мерка, која е надвор од секоја спортска, па и човечка логика. Изминатите часови на секаков начин и со секакви гаранции се обидовме да го смениме мислењето на луѓето од Пелистер, но, за жал, не успеавме во тоа.

Затоа сакавме да ја информираме македонската јавност за сите задкулисни игри кои се случуваат од доцна синоќа, а кои кулминираа утринава, со цел да не биде шокирана кога вечерва ќе види (полу)празна сала во Битола, иако на теренот ќе играат најдобрите екипи во историјата на македонската кошарка, кои заедно имаат 21 куп-трофеј во своите витрини. Кошарката се игра за публиката, таа секаде се негува и ѝ се овозможува да ужива во мајсториите на паркетот, но и да ги бодри своите миленици“, се вели во соопштението на МЗТ.

Револтирани и разочарани од одлуката се во навивачката група на Работнички која се огласи со соопштение.

„Срам и резил. Кој знае по кој пат истиот пост со слика од мејл како се забранува присуство за организирани навивачки групи. На два часа пред тргнување на веќе организиран превоз добиваме повик па потоа и мејл дека присуството нема да ни биде одобрено. Во сала која е за скоро 1.000 седишта поголема од салата на Кале, каде што изминативе години се одржуваше Куп-завршницата, нема услови да се сместат две навивачки групи од не повеќе од 50-60 души. Како господинот претседател на МКФ одобри Купот да се одржи во Битола ако таму нема услови за примање на сите фанови и дали овој Куп е приватна забава на битолската публика, која не знае како изгледа кошаркарскиот тим на Пелистер ако тој не игра против клуб од Скопје“, објави навивачката група на Работнички.

Прична за ваквата одлука на организаторот е стравот во салата да не се сретнат три навивачки групи. Покрај „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“, во салата ќе се појават и „Чкембари“, бидејќи Пелистер во второто полуфинале ќе игра против кавадаречки Еуро Никел.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Кошарка

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе