КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Победата над Андора го чинеше Лева повреда: Не игра со Англија

Огромен хендикеп за полската репрезентација откако најдобриот играч на светот за 2020 година, Роберт Левандовски, поради повредна нема да игра в среда против Англија, а можно е да не игра ниту за Баерн против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Полска и Англија се очекува да ја бијат главната битка за првото место во квалификациската група И кое води на Мундијалот во Катар. Веќе задутре ја имаат и првата меѓусебна пресметка кога на „Вембли“ во Лондон доаѓа Полска.

Но, Полјаците ќе бидат и тоа како ослабени откако најголемата ѕвезда Роберт Левандовски поради повреда на лигаментите дефинитивно отпадна.

Тој синоќа од првата минута настапи на дуелот со Андора во Варшава. Ги постигна првите два гола во победата од 3:0, но во 63. минута мораше да биде заменет поради повреда.

Remote video URL

Од полската федерација известија дека се работи за повреда на лигаментите од десното колено, повреда која бара мирување затоа што постои опасност да стане многу посериозна доколку Лева настапи под инјекција.

„Роберт Левандовски поради повреда нема да игра в среда на мундијалскиот квалификациски натпревар против Англија во Лондон“, соопшти ПЗПН.

„Клиничките испитувања покажаа дека се работи за оштетување на колатералниот лигамент во десното колено. Краткиот период до следниот натпревар не дозволува капитенот да биде достапен за овој натпревар. Тоа би претставувало преголем ризик поради влошување на повредата. Одлуката е правилна со оглед на тоа што ЕУРО 2020 е пред нас. Третманот за ваков тип на повреда обично трае од 5 до 10 дена. Поради тоа, Левандовски ќе се врати во Баерн каде ќе ја продолжи рехабилитацијата“, ја објаснуваат одлуката од полската федерација.

Иако натпреварот со Англија е и тоа како важен со оглед на тоа што само првото место води на Мундијалот, евентуален настап би значел и ризик за посериозна повреда и долга пауза со пропуштање на ЕУРО.

Многу веројатно е дека Левандовски ќе го пропушти и првиот натпревар на Баерн по интернационалната пауза и токму пресметката за врвот на Бундеслигата против Лајпциг. Воедно, можно е да не игра ниту на првиот четвртфинален дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите, натпревар кој се игра наредната среда (7 април).

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе