Брендот на Xiaomi, Poco претстави два нови смартфони – X3 Pro и F3.
Poco X3 Pro е идентичен како минатогодишниот модел Poco X3 NFC, но има нов процесор. Доби 6,67-инчен LCD екран со резолуција од 1080p и фреквенција на освежување од 120Hz.
Го напојува батерија од 5.160 mAh која поддржува 33W брзо полнење. Позади се 4 камери, вклучувајќи ја главната од 48 MP.
Poco F3 е напреден уред и еден од првите мобилни со Qualcomm Snapdragon 870 процесор кој е претставен пред неколку месеци. Има 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1080p и фреквенција за освежување од 120Hz, а доби батерија од 4.500 mAh. Позади се 3 камери меѓу кои главната од 48 MP, ултрашироката од 8 и макро камера од 5 MP каква што има Xiaomi Mi 11.
X3 Pro чини 199 евра со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија, а со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија чини 249 евра.
Цената на моделот F3 со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија чини 288 евра, а моделот со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија чини 349 евра.
Продажбата почнува на 1 април.