Подземните езера на Марс стануваат сѐ поголема енигма

Во 2018 година, научниците објавија откритие кое засекогаш ја смени нашата перцепција за правливиот црвен Марс - радарите открија дека веднаш под неговата површина се крие блескава „дамка“, што укажува на постоење на подземен резервоар со течна вода.

По спроведените последователни анализи, експертите откриле повеќе такви блескави точки и откриле дека цела мрежа на подземни езера се крие под сувата површина на Црвената планета.

Одлично откритие, нели? Иако на Марс може да се најде замрзната вода, научниците досега не најдоа капка течност на неа, па затоа можноста за постоење на подземни резервоари е главна пресвртна точка во разбирањето на геологијата на Црвената планета.

Но, не е сè толку едноставно

Има само еден проблем. Според новото истражување, кое исто така откри десетици повеќе вакви блескави дамки, некои од нив се наоѓаат во региони кои се премногу ладни за проточна вода, дури и за солената вода, која има пониска точка на замрзнување од слатката вода.

„Засега, не сме сигурни дали овие сигнали покажуваат области на течна вода или не, но сигурно тие блескави точки се повеќе распространети отколку што првично се сметаше. Или течната вода е честа појава под јужниот пол на Марс или овие сигнали укажуваат на нешто сосема друго“, рече планетарниот научник Џефри Плаут од Jet Propulsion Laboratory на НАСА.

Првото такво место беше забележано на јужниот пол на Марс од страна на Mars Express со помош на неговиот радар Mars Advanced Radar for Subsurface and Ionosphere Sounding (MARSIS). По понатамошна анализа на архивираните податоци, откриени се уште три такви особености што наликуваат на езеро.

„Некои типови на материјали рефлектираат радарски сигнали подобро од другите, вклучително и течна вода“, рече за Science Alert минатата година планетарниот научник Грациела Капарели од Универзитетот Јужен Квинсленд во Австралија.

„Затоа, ако сигналите што доаѓаат од под земја се посилни од оние што отскокнуваат од површината, тогаш можеме да претпоставиме дека тоа е течна вода“, додаде таа.

URL

Плаут и планетарниот научник Адитја Кулер од Универзитетот во Аризона ја проширија претходната потрага по блескави точки. Тие мапираа 44.000 мерења од 15-годишните податоци на MARSIS за да го опфатат целиот јужен пол на Марс.

Тие пронајдоа десетици силно рефлектирачки области. Но, некои од нив се наоѓаа на една милја под површината, каде што се на околу -63 степени Целзиусови.

Претходните истражувања покажаа дека водата полна со калциум и магнезиум може да остане во течна состојба долго време и на -123 Целзиусови степени. Ние исто така знаеме дека Марс е богат со такви соли, како и натриум. Но, студија од 2019 година покажа дека нема толкава количина сол за топење на мразот во основата на слоевите наслаги на јужниот пол на Марс.

Ниту вулканската активност не го решава проблемот

Затоа експертите заклучија дека треба да има некаква форма на геолошко затоплување за растворање, можеби во форма на геотермална активност или вулканизам. Сепак, иако има докази за вулкански активности на Марс, тие се детектирани на подрачја на страна од половите.

„Една можност за добивање на оваа количина на топлина е вулканизам. Но, ние не видовме силни докази за неодамнешната вулканска активност на јужниот пол. И се чини малку веројатно дека вулканската активност во една област ќе овозможи подземните води да постојат на целата планета“, рече Кулер.

Па, што се овие блескави дамки тогаш? Научниците сè уште не се сигурни. Ако понатамошните истражувања покажат дека тоа е дефинитивно течна вода, тогаш ќе биде потребно да се разбере принципот според кој овој мраз се стопи и се претвора во подземно езеро.

Истражувањето е објавено во списанието Geophysical Research Letters.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Наука

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more
 

Гик

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе