Од Apple соопштија дека на 15 септември ќе го одржат нивниот традиционален есенски настан на кој ќе ги претстават новите паметни часовници, новите iPhone модели и многу други новитети.
На конференцијата ќе бидат прикажани најновите модели на iPhone, Apple Watch како и лансирањето на новиот оперативен систем iOS 14, пишува Business Insider.
Конференцијата претходно беше откажана поради пандемијата со коронавирусот, а на Twitter се шпекулира дека претставувањето на новите iPhone модели ќе биде одложено за октомври.
Apple би требало да претстави дури 4 нови iPhone модели: два iPhone 12 со екрани од 5.4 инчи и 6.1 инч со пристапна цена, како и два iPhone 12 Pro модели со екрани од 6.1 инч и 6,7 инчи.
Новите смартфони ќе бидат првите Apple производи кои ќе поддржуваат 5G мрежа.
Apple оваа година планира да продаде помеѓу 75 и 80 милиони модели iPhone 5G. Ова е јасен знак дека од компанијата сметаат оти пандемијата со коронавирус нема да ја намали потрошувачката на смартфони.
Oд Аpple планираат да претстават и нова верзија на iPad Air кој ќе ги има истите спецификации како и iPad Pro. Исто така ќе ги видиме и новите паметни часовници од серијата 6.
Читајте следно: Новиот Apple Watch 6 ќе детектира напади на паника