Работи кои никогаш не треба да му ги кажете на партнерот

Обично, жените се тие кои се решаваат за одмазда заради лично задоволување за извршена неправда. Токму во нивно присуство мора да внимавате што зборувате за нешто да не се протолкува погрешно.

Но, интересно е што истото важи и за мажите. И тие се чувствителни, иако не сакаат отворено да зборуваат на таа тема. Значи и на жените може да им се случи да кажат нешто што може да го вознемири нивниот партнер.

За да го избегнете тоа, никогаш не ги кажувајте овие реченици:

Не ти успеа, прифати го поразот

Ако вашиот партнер навистина се труди да успее во нешто и тоа не му оди од рака, никогаш не треба да му го потенцирате неуспехот. Обидете се да најдете посуптилен начин да му кажете што мислите за целата работа. Иако не треба да го лажете, сепак не сакате ни дополнително да го повредите зборувајќи му колку е неуспешен.

Мојот бивши ова никогаш не би го направил

Ниту во еден случај не смеете да правите вакви споредби, всушност воопшто не треба ни да го спомнете бившиот.

Глупав ли си, што не е во ред со тебе?

Често се случува во жарот на расправијата да почнеме со навреди кон саканата личност, а потоа да се каеме поради тоа. Уште полошо е ако ваквите зборови ги кажете во јавност, пред пријатели или роднини. Сите караници со партнерот треба да ги водите насамо. Дури и кога не се сложувате со  него, не го навредувајте.

Ти си разгалено, мамино синче

Оваа реченица не треба да ја спомнувате во никој случај, освен ако сакате да раскинете. Факт е дека во најголем број случаи мажите имаат силни  врски со мајките и голема почит кон нив, истото го очекуваат и од вас. Не е потребно да ја спомнувате мајка му, но мора да ја почитувате. Дури и ако сторил нешто погрешно бидејќи мајка му го научила така, немојте да му кажете дека е разгалено, мамино синче.

реклама

Љубов и секс

Дали премногу рано влегувате во нова врска по раскинувањето?

Read more

Зошто ви се тресат нозете по секс? 

Read more

Жените откриваат: Како до повеќекратни оргазми?

Read more

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more
 

Магазин

  • filter

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Читај повеќе

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Пушењето марихуана може да поттикне создавање лажни сеќавања

Читај повеќе

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Читај повеќе

Кое овошје го намалува ризикот од рак на цревата?

Читај повеќе

Што ги прави посебни луѓето родени во април?

Читај повеќе

Секоја пролет шумата во близина на Брисел се претвора во оаза од виолетова боја

Читај повеќе

Кардиолог советува што НЕ треба да правите навечер за здраво срце

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè може да купите за едно евро во најевтината земја за живеење?

Читај повеќе