Раскинавте, што сега?

Нема дефинитивен одговор на прашањето колку време е потребно за да се преболи раскинувањето и сето тоа зависи од тоа колку долго сте биле во врска, колку силни ви биле чувствата, што сте вложиле во врската и колку ви била важна.

Раскинувањето никогаш не е лесно, без оглед кој ќе одлучи дека е крај. Многу боли самиот факт што саканата личност ви кажува дека не сака повеќе да биде со вас, и исто толку е болно кога ќе завршите сè со личноста што можеби ја сакате, иако знаете дека раскинувањето е единственото правилно нешто што можете да го направите.

Ако сте вие оставената страна, можеби ќе треба малку повеќе време за да прифатите што се случило. Но, исто така не е лесно да се биде оној што донел одлука да ја прекине врската. Тој или таа веројатно долго време размислувале што да прават, на кој начин, дали е вистинската работа или не, итн.

„Боли да раскинете со некого, но ако вие сте ја завршиле врската, веројатно веќе сте ги решиле своите причини зошто. Тоа може да го олесни малку движењето низ фазите како шок и негирање, но сепак можно е да чувствувате нескладност“, објаснува социјалниот работник Џордан Аура-Гулик.

Нема дефинитивен одговор на прашањето колку време е потребно за да се преболи раскинувањето и сето тоа зависи од тоа колку долго сте биле во врска, колку силни ви биле чувствата, што сте вложиле во врската и колку ви била важна, објаснуваат Гулик и психологот Кристин Халет.

Ова обично трае неколку месеци, но ако ако станува збор за многу долга врска, може да трае многу подолго. Освен тоа, дали е важно каква била вашата врска тогаш? Дали беше сè нормално или долго време се расправавте и не ви одеше добро? Ќе ви биде полесно да преболите ако обајцата сте согледале дека наѕира крајот, а може да трае подолго ако раскинувањето дошло ненадејно.

Ако навистина верувавте дека тоа е вашата сродна душа, додава Халет, тоа ќе биде особено вознемирувачко и болно за вас.

Фази по раскинувањето:

1. Шок

Оваа фаза е особено изразена ако сте вие оставената личност и не сте претпоставувале дека ќе бидете оставени. Шокот се манифестира со болка, неорганизираност и збунетост. Постојано ќе ги преиспитувате работите и ќе се обидувате да разберете што и како се случило.

Ова честопати може да ве збуни дополнително. Оваа фаза има многу болка и ќе биде многу фокусирана на прашањето „зошто“. Ќе се запрашате „Зошто се случи ова?“ или „Како можеше да ми го направи ова?“ Луѓето очајно сакаат одговори. Тие не разбираат зошто раскинувањето се случило одеднаш и постојано бараат одговор на прашањето „зошто “, објаснува Халет.

2. Негирање

Шокот и негирањето се тесно поврзани. Освен што го негираат раскинувањето, оставените исто така бараат информации и најмногу се фокусираат на работи како што се: „Рече дека ќе ме сака засекогаш“.

Оставеите го негираат раскинувањето и не можат да се помират со фактот дека тоа е готово. Тие мислат дека е само привремено и се држат за некои зборови што нивниот партнер ги кажал или ветил.

Одбивањето може да вклучува обид за убедување на вашиот партнер дека тој не го мислел тоа сериозно или дека ќе го смени мислењето.

3. Преговарање

Оваа фаза може да доведе до влошување на ситуацијата или до враќање на бившите, вели Гулик. Во обид да ги направат работите подобри или проблемот да исчезне, луѓето ќе започнат преговори, со себе или со бившиот партнер.

Ќе поставуваат прашања како: „Што треба да направам поинаку?“ и „Може ли да добијам уште една шанса и да се обидеме повторно?“.

Во оваа фаза, луѓето чувствуваат копнеж и тага кон својот поранешен партнер. Тие се обвинуваат себеси за раскинувањето (оставените) и се обидуваат да дојдат до некои работи што ќе им помогнат да се помират.

Можеби ќе можете да се помирите во оваа фаза, но многу често луѓето не размислуваат логично кога тоа ќе се случи. Важно е да си дадете простор себе и на другата личност и да видите на што сте сега.

4. Лутина

Штом поминете низ шок, негирање и преговори, реалноста на раскинувањето ќе излезе на површина.

Дали сте лути затоа што вашиот партнер ве изневерил? Дали сте лути затоа што раскинувањето дојде нагло? Дали сте лути на себе или на другиот бидејќи не се вложува во врската? Во оваа фаза, вели Гулик, може да се појави љубомора. На крајот, лутината е честопати емоција што се појавува пред да се соочиме со подлабоки чувства, како што се повреденост, разочарување, тага, срам, беспомошност итн.

5. Тага

Кога ќе пројде лутината, следи тагата. Во овој момент, полека ја прифаќате реалноста дека се случи раскинувањето, иако можеби не мора да прифатите дека навистина е готово. Тажењето за врската е сосема нормално и очекувано. На крајот на краиштата, изгубивте личност со која сте го делеле целиот или поголемиот дел од животот.

Гулик забележува дека ова може да поттикне чувство на депресија, празнина и апатија. Исто така, може да доведе до сомневање во себе, очај, осаменост и слично.

Ова е особено тешка фаза низ која може да поминете, но добрата вест е дека штом почнете да ги обработувате тие чувства на тага, ќе можете да започнете да лекувате и да продолжите понатаму.

6. Прифаќање

Светло на крајот од тунелот. Кога ќе започнете да го прифаќате раскинувањето, работите ќе бидат попозитивни за вас, па дури може да почнете да сфаќате дека оваа врска не била последна за вас.

Ќе знаете дека минувате низ фаза на прифаќање кога ќе се одделите од таа личност и кога ментално „ќе одморите“.

„Кога ќе почнете да размислувате за себеси како индивидуа, не само за поранешниот партнер, кога ќе видите нови почетоци, надеж и фактот дека има и други, тогаш ќе сфатите дека прифативте дека работата е завршена“, вели психологот Халет.

7. Продолжуваш понатаму

„Знаете дека навистина сте продолжиле понатаму кога не само што сте го прифатиле раскинувањето, туку и целосно сте се одвоиле од поранешниот партнер. Вие сте во можност да го пренасочите фокусот од врската и другата личност кон себе, вашите потреби и сопствената вредност“, додава психологот.

Конечно престанавте да ги проверувате нивните социјални мрежи, не размислувате постојано за нив и им посакувате сѐ најдобро, знаејќи дека нема да бидете дел од нивните животи.

Најважно е да одвоите малку време за себе и да работите на себе.

Кога ќе бидете подготвени да запознаете некој нов, ќе знаете.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе