Ray-Ban Meta очилата можат да прикачуваат фотографии директно на Instagram

Компанијата Meta ги надгради своите паметни очила Ray-Ban Meta за да има повеќе hands-free можности.

Една од новите функции им овозможува на корисниците на Ray-Ban Meta очилата директно да споделуваат фотографии како Instagram Stories, без потреба да користат паметен телефон.

Доволно е да се каже реченицата „hey Meta, share my last photo to Instagram“ (еј Meta, сподели ја мојата последна фотографија на Instagram) доколку корисникот веќе ја има направено саканата фотографија.

Но, можно е да се даде и командата „hey Meta, post a photo to Instagram“ (еј Meta, објави фотографија на Instagram) доколку корисникот сака да биде поспонтан и да ја објави фотографијата како Story.

Наменето е за ситуации кога во реално време корисникот сака да сподели неуредени фотографии со следбениците.

Покрај тоа, очилата ќе можат да стримуваат музика преку Amazon Music. Со командата „hey Meta, play Amazon Music“ (еј Meta, пушти Amazon Music), можно е да започнете да слушате музика преку аудио системот open-ear на паметните очила. Исто така е можно да се контролира звукот преку допир или гласовни контроли. Оние со Calm профил може да слушаат водени вежби за медитација или внимателност со помош на паметните очила. Во тој случај, потребно е да се каже командата „hey Meta, play the Daily Calm“ (еј Meta, пушти го Daily Calm).

Meta воведе мултимодална вештачка интелигенција во Ray-Ban паметните очила минатиот месец по неколку месеци тестирање. Оваа функција им овозможува на очилата да дејствуваат како личен гаџет за вештачка интелигенција одвоен од паметниот телефон. Благодарение на надградбата, корисникот може да побара од очилата да опишуваат предмети во околината, да идентификува знаменитости и да чита знаци на различни јазици, што е особено корисно за оние кои често патуваат.

Meta, исто така, им даде на очилата можност за hands-free видеоповици преку апликациите WhatsApp и Messenger.

Тагови
реклама

6 симптоми дека имате дефицит на витамин Д во вашето тело

Read more

Нови детали од истрагата за смртта на Метју Пери: Запленети мобилниот и лаптопот на славна личност

Read more

Еден јасен симптом сигнализира дека е време да се проверат бубрезите

Read more

Како со диетата 80/20 може да слабеете додека ја јадете вашата омилена храна?

Read more

Вести

Microsoft повторно е највредната компанија во светот

Read more

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more

Apple го прекина развојот на Vision Pro 2, догодина ќе претстави подостапен модел

Read more
 

Гик

  • filter

21 јуни 1816 – Рене Ленек го претставил првиот стетоскоп

Читај повеќе

Microsoft повторно е највредната компанија во светот

Читај повеќе
  • filter

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Читај повеќе

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Читај повеќе

Астрономите за прв пат посведочија будење на црна дупка

Читај повеќе

Apple најави голема промена за iOS 18

Читај повеќе

Google предупредува: Не паѓајте на оваа измама!

Читај повеќе

Apple го прекина развојот на Vision Pro 2, догодина ќе претстави подостапен модел

Читај повеќе

Научниците открија илјадници тони замрзната вода на Марс

Читај повеќе