УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Реал троши за плати повеќе од Интер, Наполи и Милан заедно

Филип Здравески
/ 11.04.2023 / 17:52

Интересна споредба направи La Gazzetta dello Sport кога станува збор за трошоците што секој четвртфиналист од Лигата на шампионите ги одвојува на име плати на играчи.

Актуениот шампион Реал Мадрид троши убедливо нaјмногу од сите четвртфиналисти сезонава во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб за плати одвојува 290 милиони евра бруто.

Втор најголем трошач е Баерн со 270 милиони, а трет Манчестер Сити со 213 милиони, три повеќе од Челси со 210 милиони.

Токму четирите најголеми трошачи го сочинуваат едниот финален пат, што значи дека во финалето ќе игра богат клуб против клуб од т.н. средна класа.

Условно кажано сиромашната половина ја предводи Интер со 132 милиона евра на име бруто плати, потоа Милан 79 милиони, Наполи 70 милиони и Бенфика со само 42 милиона. Овие четири клубови ќе дадат еден финалист.

Интересно, ако се соберат трошоците за плати на трите италијански тимови (281 милион), тие ќе бидат речиси колку оние на Реал, но кралскиот клуб сепак ќе има поголеми трошоци (290 милиони).

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе