Решена мистеријата зошто египетските статуи немаат нос

Статуите од стариот Египет најчесто немаат носови, а сега се откриени причините за тоа.

Египтолозите наведуваат дека постојат низа причини зошто египетските статуи останале без нос, односно дека се  намерно уништувани.

Едвард Блејберг од Музејот за египетска уметност во Бруклин направи истражување на оваа тема. Резултат е изложбата на оштетени статуи и нивни делови.

„Начинот на кој се оштетени статуите јасно говори дека е тоа направено со намера“, изјави Блејберг пред американските медиуми. Експертите според начинот на кој се оштетени статуите можат да направат разлика дали станува збор за намерен вандализам или носот на статуата е искршен поради староста.

URL

Старите Египќани им припишувале голема моќ на деловите од  човечкото тело, верувале дека духот од починат човек може да се насели во статуа што го прикажува неговиот лик. Исто така, тие биле визуелен приказ кој имал моќ да раскаже приказна за тоа што се случувале и што треба да биде запаметено, вели Блејберт.

Поради тоа актите на вандализам имале за цел да ја уништат таа моќ, а Блејберг вели дека статуите биле место на спојување на натприродното и реалниот свет.

„Оштетениот дел на телото повеќе не може да ја врши својата функција, па така духот на починатиот кој се вселил во статуата повеќе не може да дише кога носот ќе се искрши, со што вандалите се обидувале да го убијат тој дух“, објаснува Блејберг.

Со уништувањето на ликовите некои владетели се обидувале да ја променат историјата во нивна корист, па поради тоа старите Египќани се обидувале да ги заштитат статуите ставајќи ги во тешко пристапни простории, во гробници или храмови.

Но, и оние кои ги уништувале статуите биле експерти за тоа. Судејќи според прецизноста на оштетување, постоеле вешти поединци најмени за таа работа. Така, често може да се види дека на удар биле и некои личности чии имиња биле дел од натписи. Тоа значи дека луѓето кои ги уништувале биле писмени, објаснува американскиот експерт.

URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Наука

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе