САД ја надминаа бројката од 2 милиони заразени, Трамп сепак сака да ги олабави мерките

Според најновите статистички податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има најмалку 2.000.464 регистрирани случаи на COVID-19, од кои најмалку 122.924 починаа како последица од болеста.

URL

Според податоците од Worldometers.info  во САД има 2.066.508 регистрирани случаи, од кои 115.137 смртни случаи и 808.551 оздравен пациент.

Психолошката граница од 1 милион заболени беше надмината на 28 април. Исто така е драстично зголемен бројот на хоспитализирани пациенти со COVID-19.

Remote video URL

И покрај алармантните бројки, претседателот на САД Доналд Трамп сака да го истера до крај она што тој го замислил – олабавување на мерките и отворање на државата.

Трамп смета дека вирусот и епидемијата слабеат, а ситуацијата на терен е контрадикторна – бројките растат, но расте и стравот од екомска криза, додека трпението на народот слабее.

Во вторникот беа регистрирани 1.299 смртни случаи од COVID-19 во еден ден, а Трамп го заобиколи овој факт и зборуваше за оддавање почит на првите 100.000 жртви во епидемијата во земјата, бројка што беше достигната пред помалку од две недели.

Според податоците од Worldometers.info во светот има 7.461.273 регистрирани случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 419.072 починале како последица од болеста, а 3.780.018 пациенти оздравеле.

реклама

Свет

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Read more

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Read more

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Read more

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Read more
 

Вести

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Читај повеќе

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Читај повеќе

Избрани 15-те млади поети кои ќе читаат на „Отскочна даска“ 2024

Читај повеќе

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Читај повеќе