Новите модели на Samsung за кои се предвидува дека ќе бидат водечки смартфони на јужнокорејската компанија ќе пристигнат во јануари 2021 година.
Новите извештаи покажуваат дека моделот Galaxy S30 или S21(со оглед на тоа дека компанијата сè уште не го потврди неговото име) ќе има иста камера како и Galaxy S20, известува Android Central.
Во јануари се очекуваат три нови модели од серијата Galaxy S- стандарден модел, Plus и Ultra.
Стандардниот модел Galaxy S30 ќе има 6,2-инчен екран. S30 Ultra ќе има екран од 6,7 или 6,9 инчи.
Кога станува збор за камерите, моделот Ultra ќе има 4 камери, широка, ултраширока, телефото и перископска камера.
Засега не се познати други детали за претстојните уреди, пишува The Verge.