Сè што не сте знаеле за оргазмот, а се срамите да прашате

Бројни експерти истакнуваат дека многу работи поврзани со оргазмот се непознати, а колку многу е важен најдобро знаат оние кои често го доживуваат. Тие знаат дека оргазмот ослободува од стрес, со самото тоа луѓето се посреќни и повеќе поврзани со партнерот.

Тоа што е познато за оргазмот е дека постојат 12 вида, а женскиот оргазам е подолг од машкиот. Кај мажите трае најмногу 10 секунди, просечно 8. Жените можат да доживеат оргазам и до 20 пати во текот на еден однос.

Најдобрите години за оргазам се по 36 година, бидејќи тогаш жените повеќе уживаат во сексот, се чувствуваат попривлечно и помоќно.

Постојат 12 видови оргазми кои жените може да ги доживеат. Најчесто е оној со стимулација на клиторисот, а помалку вообичаен е со допирање на Г-точката. Тука е и аналниот оргазам кој се доживува во текот на анален секс. Мешаниот оргазам жената може да го доживее со стимулација на неколку различни делови од телото. Во текот на сексуалниот однос жената може да доживее повеќе оргазми и тоа е повеќекратен оргазам. Врвно задоволство може да доживееме и во кога спиеме.

Цервикален оргазам се случува кога е во прашање длабока пенетрација, но и употреба на секс играчки. Оргазам со У-точката, уретрата не служи само за мокрење туку со стимулација на овој дел може да доживеете оргазам.

Оргазам на А-точката се случува со стимулација на точката над цервиксот во пределот на папокот.

Со стимулурање на брадавиците ќе доживеете и оргазам на брадавиците. Еден од најмалку омилените е оргазмот во текот на вежбање, кога се стимулираат мускулите на стомакот и карлицата.

Одложен оргазам се случува кај жените кои може да доживеат повеќекратни оргазми, може да се случи по сексот да се појави заматен вид, но и чувство на треперење на телото.

Сексуалното задоволство е различно кај сите и сите луѓе не сакаат исти работи. Некои работи ќе ви дадат задоволство, некои не. Факт е дека тоа што пали кај едните, кај други предизвикува сосема поинаква реакција.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе