Што предвидува технолошкиот гигант за следните 5 години?

Секоја година, одделот за истражување на IBM објавува публикација „5 во 5“, која вклучува предвидувања за тоа како сите технологии ќе ги променат нашите животи во следните пет години.

Во годинешното издание се потенцира колку е важно да се приближат новите технологии, меѓу кои се вештачката интелигенција и квантните компјутери, додека како област каде што гледаат можности за поголеми чекори напред, се издвојува дизајнот и креирањето на нови материјали, пренесува tPortal.

Потребни се околу десет години и помеѓу 10 и 100 милиони американски долари за да се открие нов материјал со специфични својства. Целта на IBM е да ги намали потребните ресурси за дури 90%.

Еве што предвидува технолошкиот гигант за во следните пет години.

1) Поефикасно ќе го претвориме јаглерод диоксидот од атмосферата во нешто корисно.

2) Ќе можеме да ја имитираме способноста на природата да го претвори азотот од атмосферата во ѓубриво богато со нитрати. Ова ќе го намали штетното влијание на ѓубривата врз животната средина.

3) Ќе откриеме нови материјали за побезбедни и поеколошки батерии, кои ќе се користат за обновлива енергетска мрежа и одржлив транспорт.

4) Ќе го унапредиме производството на материјали, што ќе им овозможи на различни компании нивните производи да траат подолго.

5) Во следните пет години, IBM има план дополнително да им помогне на лекарите и на другите во борбата против нови потенцијално опасни по живот вируси.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе