Во Нион денеска беа извлечени четвртфиналните и полуфиналните двојки од Лигата на шампионите, а несомнено нè очекуваат исклучително интересни дуели во двете фази.
Според жрепката, одлучено е дека во четвртфиналето ќе играат:
= 1. Челси - Реал Мадрид
= 2. Манчестер Сити - Атлетико Мадрид
= 3. Виљареал - Баерн Минхен
= 4. Бенфика - Ливерпул
Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 5 и 6 април, а реваншите се на 12 и 13 април.
Исто така, извлечени се и двојките од потенцијалните полуфинални парови, а ќе се сретнат:
= 1. Манчестер Сити / Атлетико Мадрид - Челси / Реал Мадрид
= 2. Бенфика / Ливерпул - Виљареал / Баерн Минхен
Полуфиналните натпревари се закажани за 26 и 27 април, а реваншите ќе се играат на 3 и 4 мај 2022 година.
Големото финале е закажано за 28 мај, а иако првично требаше да се игра на стадионот во Санкт Петербург, поради руската инвазија на Украина, одлучено е финалето да се игра на стадионот Сен-Дени во Париз.