НБА ПЛЕЈ-ОФ 2021/22

Трета победа за Бостон над Бруклин, Дончиќ се врати и загуби

Кошаркарите на Бостон го совладаа Бруклин и поведоа со 3:0 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција, додека Јута израмни на Западот против Далас и покрај враќањето на Лука Дончиќ.

Откако ги решија првите два домашни натпревари во своја корист, кошаркарите на Бостон Селтикс дојдоа на чекор до пласман во следната рунда од плеј-офот откако ноќеска победија со 109:103, по што сега имаат големо водство од 3:0 во партии.

Иако Бруклин Нетс подобро го отвори натпреварот и рано поведе со 12:2, Бостон направи пресврт до крајот на првата четвртина и до крајот на натпреварот беше тимот со водство итајќи кон победата. На крајот најефикасен беше одличниот Џејсон Тејтум кој постигна 39 поени, додека во редовите на Бруклин се истакна Брус Браун кој постигна 26 поени.

Remote video URL

Јута Џез успеа да дојде до израмнување против Далас Маверикс на домашен терен, по што моменталниот резултат во партии е 2:2. На синоќешниот натпревар се виде вистинска драма, а на крајот повеќе знаење и концентрација имаа домашните кошаркари кои славеа со 100:99.

На Далас не му помогна ниту враќањето на Лука Дончиќ, кој синоќа на теренот мина нешто повеќе од 33 минути, постигнувајќи 30 поени со 10 скока и 4 асистенции. Јута, пак, до победата ја предводеше Џордан Кларксон кој постигна 25 поени, а го пратедеше Донован Мичел кој постигна 23 поени.

Remote video URL

Торонто на домашен терен ја победи Филаделфија и намали на 1:3 во партии, додека Минесота славеше против Мемфис за 2:2.

Резултати:

Торонто Репторс - Филаделфија 76ерс 110:102 (1:3)
Јута Џез - Далас Маверикс 100:99 (2:2)
Бруклин Нетс - Бостон Селтикс 103:109 (0:3)
Минесота Тимбервулвс - Мемфис Гризлис 119:118 (2:2)

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе