Убил 400 луѓе, а Netflix сними филм за тоа

Новата крими драма „The Good Nurse“, во која главните улоги ги толкуваат Џесика Честејн и Еди Редмејн, предизвика различни реакции во јавноста. Многумина останаа шокирани по откривањето на вистинските детали за приказната по која е инспириран филмот.

На Netflix е прикажан филм инспириран од вистинита приказна за Чарлс Кален, медицински техничар и сериски убиец кој убил стотици пациенти во текот на неговата 16-годишна работа во неколку болници во Њу Џерси. Уапсен бил во 2003 година. Признал дека сторил 40 убиства, од кои 29 се потврдени иако преку интервјуа со полицајци, психијатари и новинари бројот на убиства е многу поголем. Осуден е на 11 доживотни затворски казни.

„Самиот факт дека филмот „The Good Nurse“ е направен според вистинит настан е ужасен“, смета еден гледач.

„Штотуку го гледав филмот и навистина е застрашувачка помислата дека тоа се случило во вистинскиот живот“, се согласува друг.

„Го гледав „The Good Nurse“, тоа е толку морничав филм, но и чудесна глума на Еди. Тој и Џесика се одлични“, гласи мислењето на трет гледач.

Многумина се осврнаа на проблемите со здравствениот систем во Америка. Наведоа дека филмот се обидува да укаже на пропустите и проблемите на здравствената нега во американските болници.

„The Good Nurse“ е хорор филм. Но, не е хорор поради медицинскиот техничар кој убива луѓе. Не. Хорор е и поради катастрофалната состојба во која се наоѓа американското здравство“, смета гледач.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе