Ветар го носеше авионот на Манчестер Сити, непријатност за играчите по големата победа

Фудбалерите на Манчестер Сити имаа одлично гостување во Лисабон, но враќањето во Англија им беше многу непријатно.

Бурата Дадли беше во полна сила синоќа кога Манчестер Сити се враќаше од вторничкото гостување кај Спортинг во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ славеа со убедливи 5:0, но враќањето назад веројатно уште долго ќе го паметат.

Се враќаа со авионот Boeing 757 G-ZAPX на компанијата Titan Airways од Лисабон до Манчестер. Немаа никакви проблеми сѐ до моментот кога требаше да слетаат. Ветрови од западен правец со јачина од 74 километри на час го направија обидот за слетување мошне турбулентен.

На видеото се гледа како пилотите во неколку наврати преку давање силен потисок на моторите се обидуваат да го одржат авионот стабилен за слетување, но бурата Дадли се покажа како тежок противник по што беше одлучено да се одложи слетувањето. Авионот 15 минути кружеше над аеродромот правејќи три круга по што беше донесена одлука дека условите за слетување во Манчестер не гарантираат безбедност, па авионот се пренасочи кон Ливерпул каде успешно слета на аеродромот „Џон Ленон“.

Remote video URL

„Можеме да потврдиме дека авионот кој го пренесуваше тимот дома од Лисабон безбедно слета во Ливерпул, откако силните ветрови нѐ принудија да се пренасочиме од Манчестер“, објави клубот.

URL

„Добро е што попладнево можеме да им посакаме безбедно добредојде на Манчестер Сити во фудбалската престолнина на Англија, откако нивниот лет беше пренасочен од нивниот домашен аеродром поради силни ветришта“, објави синоќа ливерпулскиот аеродром.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе