Меѓународната џудо федерација го суспендира Владимир Путин од местото почесен претседател и амбасадор, стои во краткото онлајн соопштение. Рускиот претседател има црн појас во џудо.
Одлуката е една од низата спортски санкции најавени во последниве неколку дена.
Големата награда на Русија во Формула 1, која требаше да се одржи во септември во Сочи, е откажана.
Претходно беше објавено дека финалето во Лига на шампиони 2022 година ќе се игра во Париз, а не во Санкт Петербург.
Русија пред четири дена започна голема инвазија во Украина, а многу држави во светот поради тоа воведоа различни санкции.