Времеплов: Денот кога Наполи го освои првото Скудето

Точно на денешен ден пред 33 години Наполи го прослави своето прво Скудето предводен од легендарниот Диего Марадона.

Во претпоследното коло во таа сезона 1986/87 Наполи дома на преполниот „Сан Паоло“ ја пречека Фиорентина. Со два натпревара до крајот, Наполи беше прв со 3 бода пред Интер и 4 пред Јувентус. Тогаш за победа сѐ уште се доделуваа по 2 бода, па „Аѕурите“ имаа добра предност.

Тоа мајско пладне второпласираниот Интер гостуваше кај Аталанта, додека третопласираниот Јувентус кај Верона. Интер загуби со 1:0, додека Јуве одигра 1:1, со што Наполи и покрај киксот дома и оние само 1:1 со Виола, стана шампион на коло до крајот.

Диего Марадона

Во 29. минута експлозија на „Сан Паоло“. Диего Марадона ја почнува акцијата, додава до Андреа Карневале кој пред шестнаесетникот проигрува со Бруно Џордано, кој пак веднаш со пета му ја враќа топката. Карневале потоа со десна со надворешна го мами противничкиот голман Марко Ландучи.

Но, гостите не се предаваат и само 10 минути подоцна израмнуваат со голот од слободен удар на младата ѕвезда Роберто Баџо.

Remote video URL

До крајот резултатот останува непроменет и со оглед на резултатите од Бергамо и Верона, Наполи првпат во својата историја станува шампион на Италија.

Во таа златна генерација на Наполи покрај ѕвездата Марадона и голгетерите Карневале и Џордано, настапуваа и Клаудио Гарела, Џузепе Брусколоти, Чиро Ферара, Алесандро Реника, Морено Ферарио, Фернандо Де Наполи, Франческо Романо, Салваторе Бањи, Џузепе Волпечина, Луиџи Кафарели, Лучано Сола, Чиро Муро, Раимундо Марино, Тебалдо Биљарди и Рафаеле Ди Фуско. Предводник од клупата беше Отавио Бјанки.

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе