W12 Concept – суперспортскиот Volkswagen кој никогаш не стигна до фабричко производство

Пред преминот во 21. век, германскиот автомобилски гигант Volkswagen направи три концепти за суперавтомобили со моќен W12 мотор.

Меѓу бројните концепти што излегле од работилницата на гигантот од Волфсбург, а не дочекале продукциски верзии, се издвојува W12 Concept.

Во периодот од средината на 90-тите, па до почетокот на 21. век, Volkswagen работеше на суперспортски автомобил.

Првиот концепт што излезе како резултат на овој проект беше направен во 1997 година во соработка со италијанската компанија Italdesign.

Проектната задача беше да се изработи каросерија на суперспортско купе во која ќе може да се вгради централно поставен W12 мотор, а погонот да биде на сите четири тркала.

Овој автомобил ја носеше ознаката Synchro и доби атрактивна жолта боја на каросеријата. Премиерата се одржа на Саемот за автомобили во Токио во 1997 годдина.

Моторот W12 даваше моќност од 419 коњски сили (308 kW).

Тоа беше само почетокот, со оглед на тоа дека една година подоцна, на Саемот во Женева, се појави W12 Roadster – верзијата со отворен кров.

За погонот беше употребен истиот 5,6-литарски W12 со 419 КС.

За следниот W12 Concept се чекаше три години.

Саемот во Токио во 2001 година беше домаќин на премиерата на концептот во портокалова нијанса кој овојпат ја носеше ознаката W12 Nardo, по познатата тест-стаза во Италија.

Овојпат, 5-6 литарскиот W12 мотор на Volkswagen со четири турбополначи произведуваше дури 598 коњски сили со максимален вртежен момент од 620 Nm.

Концептот W12 Nardo беше во состојба да стигне од 0 до „стотка“ за само 3,5 секунди, а максималната брзина изнесуваше 357 км/ч.

Иако VW подоцна ги лансираше продукциските модели Phaeton и Touareg со W12 мотор, ниту еден од W12 суперспортските концептни автомобили не доби своја сериска верзија.

За волја на вистината, Volkswagen никогаш официјално не вети такво нешто и тврдеше дека овие возила биле направени со цел да се тестираат погонските единици W12 кои подоцна ќе ги употреби во други продукциски модели.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе