Знаци кои покажуваат дека уште не сте спремни за врска

Иако влегувањето во врска на многумина им доаѓа спонтано и без проблеми, има и луѓе кои поради лошо претходно искуство, лични двоумења или несигурност, тешко се одлучуваат на овој чекор.

Кои знаци укажуваат дека не сте подготвени да продолжите напред во животот, во нова љубовна врска?

1. Ве привлекуваат личности кои се токсични за вас

Некако се случува да ве привлекуваат погрешни луѓе, личности кои не се за вас. Веројатно се прашувате како е тоа возможно, секогаш да наидете на погрешни луѓе. Дали можеби потсвесно ја саботирате врската, па бирате партнер за кој уште од почеток е јасно дека не ви одговара?

2. Несреќни сте кога сте слободни

Вашата среќа е условена со статусот на вашата врска. Кога сте сами, чувствувате како нешто да фи фали. Им завидувате на пријателите кои се во среќни врски и избегнувате дружење со парови. Верувате дека ќе бидете среќни дури откако ќе ја запознаете вистинската личност за вас, која ќе ви ги исполни животот.

3. Мислите дека може да го промените партнерот

Вашиот партнер, како и секој човек, има свои проблеми, трауми, комплекси и лоши искуства. Верувате дека може да го „поправите“, подобрите и промените. Но, факт е дека секој човек може да си помогне само себе.  Вие може да бидете само поддршка и охрабрување, но не може да бидете спасител.

4. Премногу лично ги прифаќате работите

Лично ја доживувате секоја постапка на партнерот и ги перципирате нештата како напад на вас. На пример, ако вашиот партнер одвои време да се дружи со пријателите, вие размислувате за тоа дека не сака да минува време со вас.

Ваквото однесување укажува дека имате нерешени трауми од минатото поради што не може објективно да гледате на личноста.

Ако ги забележите овие знаци, фокусирајте се малку на себе, решете ги вашите проблеми и поработете на тоа што сакате да го постигнете пред да се решите на нова врска.

реклама

Љубов и секс

Дали премногу рано влегувате во нова врска по раскинувањето?

Read more

Зошто ви се тресат нозете по секс? 

Read more

Жените откриваат: Како до повеќекратни оргазми?

Read more

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more
 

Магазин

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Пушењето марихуана може да поттикне создавање лажни сеќавања

Читај повеќе

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Читај повеќе

Кое овошје го намалува ризикот од рак на цревата?

Читај повеќе

Што ги прави посебни луѓето родени во април?

Читај повеќе

Секоја пролет шумата во близина на Брисел се претвора во оаза од виолетова боја

Читај повеќе

Кардиолог советува што НЕ треба да правите навечер за здраво срце

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè може да купите за едно евро во најевтината земја за живеење?

Читај повеќе

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Читај повеќе