Зошто Австрија на своите жители им ја плаќа поправката на одредени уреди?

Правото на поправка е предлог-закон на ЕУ кој има за цел да им овозможи на граѓаните поправка на стар уред наместо купување на нов - со цел да се намали отпадот.

Програмата е смислена за да се намалат количините на електронски отпад така што државата плаќа половина од вредноста на поправката на одреден уред.

Граѓаните и индустријата на Европската Унија на годишно ниво произведуваат 35 милиони тони електронски отпад и 261 милион тони CO₂.

Покрај самата поправка, идејата на предлог-законот Право на поправка е производителите на уреди да обезбедат едноставна поправка и доволен број на резервни делови со што сервисирањето би било поевтино и полесно во однос на купувањето на нов уред.

Реализацијата на оваа програма почна минатата година во Австрија и за само година дена се издадени 560 илјади ваучери во вредност до 200 евра.

Министерството за животна средина на Австрија не се надевало на толку голем одѕив од граѓаните и првично пресметало дека до 2026 година ќе издаде најмногу 400 илјади ваучери. За неполна година таа бројка дури е и надмината.

Како функционира овој закон?

Секој производител е должен да обезбеди сервис на уредите на свој трошок додека трае гарантниот период сѐ додека вредноста на поправката не чини повеќе од замената на уредот, кога купувачот би добил ист таков нов уред.

По 5 до 10 години од истекот на гаранцијата производителот е должен да може да го поправи уредот, но на трошок на купувачот.

Законот на производителите им налага да мораат да обезбедат транспарентни информации за тоа како производот се поправа, што го укинува монополот врз сервисирањето и на тој начин на малите бизниси им овозможува да сервисираат уреди, што пак ги намалува трошоците за поправка.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Вести

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Read more

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Read more

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Read more

Што се случило со вагонот во кој било потпишано примирјето во Првата светска војна?

Read more
 

Гик

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе