Зошто луѓето денес тешко наоѓаат вистинска љубов?

Сега е 21 век, ова е најчестиот изговор што ќе го слушнете за нечии постапки или размислувања. Општо земено, луѓето денес се значително промискуитетни и склони кон кратки авантури од претходно. И жените и мажите имаат поголем број партнер, додека истовремено тврдат дека немаат љубов.

Некогаш луѓето биле цел живот во брак и живееле мирен живот. Денес, младите потешко наоѓаат партнер за заеднички живот, а бракот може да не потрае ни еден месец.

Кои се причините за тоа објаснува филозофот и писател Пол Хадсон. Според него, главни виновници за тоа се овие проблеми:

1. Луѓето тежнеат кон инстант задоволства

Денешните генерации на млади во 20-тите и 30-тите се посебни по тоа што тежнеат за моментални задоволства. Растат во култура којашто поттикнува желба за материјални, но и духовни работи кои можат да се добијат веднаш, статусен симбол во облик на мобилен, доказ за интелигенција во облик на диплома, психичка стабилност преку литература за самопомош од 100 страници и слично.

Ако ни се пријаде, го вртиме бројот на омилената пицерија или ресторан и добиваме храна. Ако сакаме сексуална возбуда, тука се порнографските страници, сè е лесно достапно.

Задоволството станува навика, а навиките штетат на романтичната страна на човекот бидејќи љубовта не е осмислена како моментално задоволство, туку долготрајно чувство и труд.

2. Култура изградена на пороци

Пороците одат рака под рака со моменталните задоволства, а модерната култура како да ги воздига пороците, од прекумерно користење алкохол, цигари па до лекови и разни опојни средства.

Токму тие супстанци создаваат илузија на добро чувство и забава, состојба во која не ни треба друг човек за да се чувствуваме исполнето или среќно.

3. Сè се врти околу секс

Луѓето денес се повеќе промискуитетни и склони на авантури од претходно. Сексот се издвојува како посебно задоволство од љубовта и се пропагираат односи кои носат задоволство без проблеми или обврски како пријателство со бенефиции, отворени врски, отворени бракови и слично.

Со самото тоа сексуалниот партнер се доживува исклучиво како средство за достигнување задоволство.

4. Недостаток на компромис

Во склад со теоријата за егоизам, се јавува и целосно отсуство на компромис. Ставот во кој само една мана е доволна за да пресудиме како некој нема да ни одговара или нè одбива така што нема ни да му дадеме прилика е многу површен.

5. Луѓето се водени од егоизам

Секој поединец во светот е егоист бидејќи тоа е исполнување и одржување на личните цели во склад со теоријата на еволуцијата во која преживуваат најсилните, односно оние кои се грижат за себе.

Така, двајца егоисти никако не можат да функционираат заедно, а тоа е сè почеста причина за распад на љубовен однос. Нормалната вредност пропагира фокус исклучиво на личните желби и потреби, без размислување за другите луѓе.

6. Секогаш има некој подобар

Социјалните мрежи, рекламите, славните ѕвезди, фотошопираните фотографии на Instagram од средени и насмеани луѓе нè уверуваат дека постојат совршени луѓе. Секој сака да направи посовршена верзија од себе, а за тоа е потребен и совршен партнер.

Осудувањето на основа на нечиј физички изглед и други предрасуди внесуваат немир во врската со што се нарушува самиот однос.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Љубов и секс

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе