Ашер ќе го води шоуто на полувремето на Супербоул 2024

Добитникот на Греми, Ашер, ќе го предводи настапот на полувремето на Супербоулот во Лас Вегас, Невада, соопштија Националната фудбалска лига (НФЛ), Apple Music и издавачката куќа Rock Nation во неделата.

Финалето во американски фудбал, 58. по ред, треба да се одржи на стадионот „Алиџант“ во Лас Вегас на 11 февруари 2024 година. Полувремето, исто како и натпреварот, е еден од најгледаните ТВ настани во САД.

„Ова е најголемата чест што животот може да ви ја даде, конечно да настапам на Супербоул. Едвај чекам да му донесам на светот шоу што не личи на ништо друго што досега сте виделе од мене“, рече аренби-пејачот.

URL

Од издавањето на својот деби-албум во 1994 година, Ашер Рејмонд IV продаде над 80 милиони плочи во светот, се искачи на врвот на музичките топ-листи и освои 8 награди Греми, кои според многумина се најпрестижните награди во музичката индустрија.

Магазинот Billboard го круниса како втор најуспешен уметник во 2000 години.

„U Got It Bad“, „OMG“ и „Yeah!“ се меѓу најголемите хитови на 44-годишниот пејач. Ашер моментно настапува во Лас Вегас како дел од неговата резиденцијална турнеја „Usher: My Way“.

„Ашер е икона, чија музика остави неизбришлива трага на културниот пејзаж во текот на својата кариера“, вели шефот на музика на НФЛ, Сет Дудовски, во соопшентието за јавност, објавувајќи ја одлуката.

Минатогодишното шоу на полувремето, кое го предводеше аренби-ѕвездата Ријана, беше најгледаниот настап на полувремето на сите времиња, соопштија организаторите.

Култни уметници и бендови, вклучувајќи ги „Ролинг стоунс“, Бијонсе, Стиви Вондер, Принс и Брус Спрингстин, се качија на сцената на полувремето на најпопуларниот спортски настан.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Музика

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Read more

Spotify ја објави најпуштаната песна во 2023 година

Read more

Македонската претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска, заврши на 12-то место

Read more

Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Читај повеќе
  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Читај повеќе

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Fast X

Читај повеќе