Бритни е слободна!

Џејми Спирс се согласи да се повлече од долгогодишната улога на старател на неговата ќерка Бритни Спирс, изјави вчера адвокатот на поп-ѕвездата.

„Задоволни сме што г-дин Спирс и неговиот адвокат признаа во поднесокот денес дека тој мора да се отстрани“, рече адвокатот на пејачката, Метју Розенгарт.

Старателството беше одредено откако Спирс побара од судот овластување да има надзор над сите аспекти од животот на ќерка си во 2008 година, како причина наведувајќи ја „загриженоста за нејзиното ментално здравје“.

Бритни Спирс немаше контрола врз нејзините финансии и кариерни одлуки од 2008 година наваму, согласно договорот за старателство што во законите на САД се нарекува „conservatorship“. Според овој договор, таткото и претходниот адвокат на Спирс менаџираа со нејзините финансии и личен живот, вклучувајќи забрана за посетители и комуникација со докторите во врска со нејзината терапија.

Судското рочиште за расправа по барањето на Бритни Спирс е закажано за крајот на септември во Лос Анџелес.

Пејачката објави фотографија на својот Instagram од цртеж на девојка со свртен грб, со цвеќиња во косата. Бројни обожаватели, кои исто така го основаа движењето #freebritney, се радуваат на коментарите.

„Слободна е“, „Чекор поблиску сме до твојата слобода“, „Многу сум среќна за тебе“, се само некои од коментарите.

Бритни Спирс (39) пред судот во Лос Анџелес во јуни изјави дека старателството е злоупотреба и дека таа „сака да си го врати животот“.

За потсетување, минатиот месец се дозна дека таткото на Бритни Спирс разгледувал дали пејачката треба да биде сместена во ментална установа.

Кариерата на „Принцезата на поп-музиката“ беше во рацете на законски старатели, откако таа имаше прилично јавна криза на менталното здравје пред 12 години.

Спирс почна да се однесува неконтролирано во 2007 година, по разводот од Кевин Федерлајн во кој го изгуби старателството врз нивните две деца. Голем дел од нејзините наводни „нервни сломови“ се случија пред очите на медиумската јавност: Бритни се најде на насловните страници на таблоидите кога си ја избричи косата и беше фотографирана како удира со чадор по автомобилот на папарацо фотограф. Поп-пејачката имаше и неколку обиди за почнување психотерапија во установа.

Деталите од договорот за законско старателство врз полнолетно лице никогаш не беа објавени за јавноста, но познато е дека Спирс имала ограничувања на автономијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе