Брутална доминација на Јокиќ, Дончиќ го растури Сан Антонио

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Кливленд Кавалирс на гостински терен 115:109, а српскиот центар Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар. Одличен беше и Лука Дончиќ во убедливата победа на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс.

Нагетс беа подобри во почетокот на натпреварот, но Кавалирс заминаа на пауза со предност од еден поен. Домаќините имаа водство во текот на третата четвртина, а гостите пресекоа во последниот дел кога остварија важна победа.

Јокиќ на теренот мина 35 минути и за тоа време оствари нов трипл-дабл постигнувајќи 24 поени, 18 скока и 13 асистенции. Тоа беше негов 22 трипл-дабл оваа сезона. Ја имаше поддршката од Портер, кој постигна 25 поени, додека кај Кливленд најдобар беше Мобли со 31 поен.

Remote video URL

Инаку, Денвер е прв на табелата во Западната конференција со 42 победи и 18 порази, додека Кливленд е четврти на Истокот со скор 38-24.

Од синоќешните натпревари го издвојуваме убедливиот триумф на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс со високи 142:116.

Повторно брилјираше одличниот Словенец Лука Дончиќ кој имаше 28 поени и 10 асистенции, а на тоа додаде и 7 скока. Ирвинг постигна 23 поени, додека кај Сан Антонио најдобар беше Бранхам со 23 поени.

Remote video URL

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Денвер Нагетс 109:115
Индијана Пејсерс - Бостон Селтикс 138:142
прод.
Орландо Меџик - Детроит  Пистонс 108:106
Филаделфија 76ерс - Мемфис Гризлис 110:105
Торонто Репторс - Њу Орлеанс Пеликанс 115:110
Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс 142:116
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер 120:119
прод.
Лос Анџелес Лејкерс - Голден Стејт Вориорс 124:111
Сакраменто Кингс - Портланд Треил Блејзерс 133:116

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе