Интересно е што скоро сите филмови од листата на најпиратизирани филмови во текот на 2021 година во одреден период беа легално онлајн.
Филмовите денес се попристапни за разлика од претходно, благодарение на стриминг сервисите кои не секогаш се бесплатни. Сепак, луѓето попрво бираат да посетат пиратски сајтови за што побрзо да гледаат некои филмови.
Претходно се претпоставуваше дека стриминг сервисите и полесниот пристап до содржини ќе ја намали желбата за пиратерија, но не е така. Пиратеријата стана уште повеќе популарна, а публиката се повеќе се врти кон пиратски сајтови за директно емитување на содржини.
Но, и торентите бележат ненамалена популарност. Од почетокот на пандемијата некои од најголемите филмски наслови истовремено се појавија и во киносалите и онлајн. Неделните листи на TorrentFreak покажаа колку тоа штети на индустријата, со оглед дека филмовите кои се најдоа на некои стриминг сервиси многу брзо стигнаа на врвот на листата.
„Black Widow“ е на врвот на листите кои во текот на 2021 година предничеа во бројот на илегални преземања, а по него следат „Wonder Woman 1984“ и „The Suicide Squad“.
Топ 10 филмови кои владееја на торент-сајтовите: