Џони Деп повеќе не е дел од Pirates of the Caribbean

Ангажманот на Џони Деп како капетанот Џек Спероу дојде до самиот крај, откако денеска од студиото Disney потврдија дека го раскинале договорот со популарниот актер. Беше потврдено дека и понатаму ќе има нови филмови од франшизата „Pirates of the Caribbean“, но без Џони Деп во главната улога.

Продукцискиот директор на Disney, Шон Бејли, најави дека во блиска иднина ќе следува римејк на „Pirates of the Caribbean“, кој ќе биде напишан од дуото сценаристи на хитот „Deadpool“ – Пол Верник и Рет Рис.

Миленикот на публиката и најзаслужниот за популаризирање на оваа франшиза, актерот Џони Деп, повеќе нема да се појавува во улогата на капетанот Џек Спероу, откако денеска беше официјално потврдено дека неговиот договор е раскинат.

„Сакаме да внесеме свежина и виталност во оваа франшиза. Ги сакам старите делови со Џони Деп, но сакаме да пробаме со нешто ново, па затоа (Пол) Верник и (Рет) Рис ќе ја преземат задачата на пишување на сценариото за новиот филм“, рече Бејли.

Џони Деп беше во улогата на Џек Спероу полни 14 години, во кои сними пет филма. Оваа франшиза во текот на тоа време заработи 4,5 милијарди долари, со што стана 12-тата највредна франшиза на сите времиња.

реклама

Филм & ТВ

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Read more

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Read more

Зошто Американците го протерале Чарли Чаплин од САД?

Read more

Откриена причината за ненадејната смрт на Мишел Трахтенберг

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Американците го протерале Чарли Чаплин од САД?

Читај повеќе

Откриена причината за ненадејната смрт на Мишел Трахтенберг

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Џони Деп се враќа во Холивуд за прв пат по судската драма со Амбер Херд

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави трејлер за шпионскиот филм Exterritorial: Ветува напнатост и интриги

Читај повеќе
  • play_arrow

Хоакин Феникс, Ема Стоун и Педро Паскал се ѕвездите на Eddington

Читај повеќе