Ексклузивно: ВАР почна да се тестира во Македонија

Филип Здравески
/ 26.12.2023 / 09:37

Откако ФФМ најави дека ќе се обиде да го имплементира ВАР системот за пролетниот дел во најдобрата македонска лига, снимките од фудбалските терени сведочат дека тој веќе се тестира.

На неделниот натпревар на стадионот во паркот „Сарај“ функционалноста на ВАР се покажа на дело.

Четвртолигашот од Аеродром, ФК Слободен, кој се натпреварува во општинската лига на Кисела Вода, зимава си организира Зимска лига во која учествуваат три негови екипи: првиот тим (Сениори), младинскиот тим (У18) и тим составен од поранешни играчи (Мастерс). Целта е играчите да останат активни за време на големата зимска пауза.

Викендов силите ги одмерија Сениорите против У18, а славеа првотимците со 8:5. Во 33. минута, при резултат 2:2, играч на У18 влезе во шестнаесетникот, а од зад грб лизгачки старт му направи играч на првиот тим. Од снимката се гледа дека стартот е чист, на топка, но на судијата од неговиот агол му се виде дека е фаул и покажа најстрога казна - пенал.

Главниот судија потоа веднаш се упати крај аут-линијата, каде на мобилен телефон ја прегледа ситуацијата (натпреварот одеше во живо на стрим на YouTube!) и ја призна грешката, па досуди аут наместо пенал.

Remote video URL

Инаку, во Зимската лига на ФК Слободен досега одиграни се пет кола, а се игра секој викенд. Возбудувањата продолжуваат дури и на, верувале или не, 1 јануари кога од 13:00 часот на стадионот „Сарај“ се среќаваат Мастерс против Сениорите во полуфинале од зимското куп натпреварување (финалето е на Божик). Тоа веројатно ќе биде прв пат во историјата  на македонскиот фудбал да се игра фудбал на првиот ден од новата година. Се разбира, директен пренос ќе има на клупските канали на социјалните мрежи.

реклама

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе