Електричниот суперавтомобил на BYD развива 1.287 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за 2 секунди

Конечно се откриени спецификациите на сериската верзија на моделот BYD YangWang U9, а се испостави дека е уште помоќен од она што се очекуваше.

YangWang U9 беше претставен во јануари и неодамна беше забележан за прв пат за време на тестирањето на патеката. Станува збор за прилично голем автомобил, долг е 4.966, широк 2.029 и висок 1.295 мм, додека меѓуоскиното растојание му е 2.900 мм. Помеѓу двете оски се наоѓа голема батерија со капацитет од 100 kWh, која беше произведена од филијалата на BYD, FinDreams.

Автомобилот го придвижуваат четири мотори, од кои секој развива 322 КС, така што тие испорачуваат вкупно 1.287 КС, односно повеќе од очекуваните 1.110 КС. Можеби некои ќе кажат дека не е потребна толкава моќност, но треба да се земе предвид фактот дека U9 тежи 2.475 килограми, многу повеќе од суперавтомобил со мотор со внатрешно согорување и 175 килограми повеќе од Rimac Nevera.

Од BYD велат дека U9 од 0 до 100 км/ч забрзува за само 2 секунди и достигнува максимална брзина од 300 км/ч. Досегот е до 700 километри со едно полнење на батеријата, но според кинескиот тест циклус.

Можеби најмногу внимание привлекува специјалната суспензија што BYD ја нарекува Disus X, која обезбедува сложена вертикална, странична и надолжна контрола на движењето преку системите Damping Body Control System, Intelligent Hydraulic Body Control System и Intelligent Air Body Control System. Овие системи му овозможуваат на автомобилот да се движи на три тркала и дури може да „потскокнува“ нагоре и надолу.

И покрај фактот што е натоварен со технологија, YangWang U9 ги следи стапките на другите модели на BYD и ќе биде релативно достапен според стандардите за суперавтомобили со цена од околу 140.000 долари.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе