„Friends“ фатени на дело: HD верзиите откриваат пропусти 20 години подоцна

Обожавател на популарната серија „Friends“ по речиси 20 години откри грешка што се провлекла при снимањето.

Станува збор за сцена од 18-тата епизода од 8-та сезона, насловена „The One in Massapequa“ која се емитуваше во 2002 година и во која родителите на Рос и Моника слават 35-годишнина од брак. На забавата се присутни сите, дури и бремената Рејчел.

Во спорната сцена, Џек Гелер, таткото на Рос и Моника, е во кадарот во еден момент, а непознат човек стои на неговото место во следниот момент.

„Кој е типов?“ праша @bronniiieee на TikTok.

@bronniiieee

Who is THAT? ##friendstok ##tvbloopers ##tvblooperfound ##whoknew ##trending ##viral ##fyp ##foryou ##xyzcba

♬ There goes the crackhead - Matthew Daniel Gordon

Има логично објаснување за овој пропуст, пишува Digital Spy, и има врска со начинот на кој е снимена серијата.

Спорната сцена е од HD обработената верзија на епизодата, која има формат на слика 16:9 наместо претходната верзија што првично беше снимена во формат 4:3, што значи дека сликата сега е поширока и ќе прикажува повеќе од првично планираното, на пример статисти кои не треба да се најдат во кадар.

Ова не е првпат обожавателите да забележат вакви грешки во омилената серија. И претходно биле забележани статисти наместо веќе добро познатите актери, како на пример девојката која во една сцена ја заменува Рејчел која инаку ја игра Џенифер Анистон.

URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе