КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Германија без „Британците“ против Македонија

Германскиот селектор Јоахим Лев нема да ги повика репрезентативците кои настапуваат во Премиер лигата за претстојните квалификациски натпревари вклучувајќи го и оној против нашата репрезентација.

Останаа без дуел против „Рисовите“: Хаверц и Вернер

Пандев и дружината, условно кажано, ќе имаат полесна задача во Дујсбург бидејќи Германија нема да може да настапи во најсилниот состав.

Предводникот Јоахим Лев во интервју за RTL откри дека во составот нема да ги вклучи играчите кои настапуваат на Островот поради рестрикциите за патувања кои се воведени кон Обединетото Кралтсво од страна на германските власти. Секој кој доаѓа од Островот во Германија мора да оди во двенеделен карантин, што е невозможно за потребите на репрезентацијата.

Тоа значи дека Германија против Македонија нема да може да смета на триото од Челси и тоа Тимо Вернер, Каи Хаверц и Антонио Ридигер, потоа голманот Бернд Лено од Арсенал, Илкај Ѓундоан од лидерот Манестер Сити и дефанзивецот на Лидс и соиграч на нашиот Алиоски, Робин Кох.

И без нив Германците имаат пеколен тим, а додатно Лев најави дека ќе ги повика младите таленти, 17-годишниот Флориан Вирц од Баер Леверкузен и една година постариот Џамал Мусиала од минхенски Баерн, двајцата офанзивни играчи од средниот ред.

Германија прво го прелекува Исланд на 25-ти во Дујсбург, потоа гостува кај Романија на 28, а на 31 е дуелот против Македонија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе