Германија потврди, Флик го менува Лев по ЕУРО

Стратегот кој штотуку го напушти Баерн ќе седне на селекторското столче веднаш по завршувањето на претстојното Европско првенство менувајќи го Јоахим Лев.

Крајот на 15-годишната селекторска кариера на Лев е веќе забетониран. Човекот кој на Германија ѝ ја донесе четвртата титула светски шампион со триумфот на Мундијалот 2014 во Бразил дефинитивно се збогува со репрезентацијата, која ќе ја води уште на ова Европско првенство.

ДФБ потврди дека Ханс-Дитер Флик, попознат едноставно како Ханси, потпишал договор заклучно со ЕУРО 2024, што значи дека ќе ги води „Маншафт“ и низ остатокот од квалификациите за Мундијалот во Катар кој ќе се одржи наредната година.

„Сѐ се заврши навистина брзо со потпишувањето на договорот. Многу сум среќен што од есен ќе можам да работам како селектор на националниот тим“, вели Флик.

Токму наесен, во октомври, Германија гостува во Скопје кај Македонија во рамките на квалификациите за СП 2022.

„Сезонава само што заврши, а двете години минати во Баерн беа навистина неверојатни. Тимскиот дух и однесувањето на играчите беа извонредни и таквото однесување ќе го земам со мене бидејќи ќе ми помогне да продолжам со подобрување на мојата работа“.

Флик му беше и помошник на Лев од 2006 до 2014 година, а претходно кога бил фудбалер бил играч од средниот ред и настапувал главно за Баерн, но и за Зандхаузен, Келн и Викториа Баментал.

„Едвај чекам да почнам со новата работна позиција бидејќи го гледам квалитетот на играчите, особено на младите фудбалери во Германија. Токму затоа имаме и тоа како за право наредниве турнири да ги чекаме со оптимизам, на пример Европското првенство кое во 2024 година ќе се одигра кај нас“.

Флик има 56 години и баварскиот клуб го водеше изминативе неполни две сезони откако во ноември 2019 седна на клупата како привремена замена за отпуштениот Нико Ковач чиј асистент беше од јули истата година. Добрите резултати ја натераа управата наместо да бара нов тренер да го прекомандува Флик во трајно решение, а тој врати со 2 титули во Бундеслигата, по 1 во ДФБ Покал, германскиот Суперкуп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство.

Германија е репрезентација која е позната по тоа што селекторите обично ги остана подолго време да седат на клупата. Јоахим Лев седеше дури 15 години, 14 години предводник беше Хелмут Шен, а рекордот го држи легендарниот Зеп Хербергер со дури 20 години. Токму затоа Флик е само 11-тиот селектор во историјата на германската репрезентација. За споредба, Македонија во својата далеку пократка фудбалска историја имала 13 селектори заклучно со Игор Ангеловски.

Досегашни селектори на Германија:

  • 1908-1926 немало селектор - репрезентацијата ја водел стручен штаб
  • Ото Нерц 1926-1936 (10 години)
  • Зеп Хербергер 1936-1964 (20, без 1942-1950 кога репрезентацијата била неактивна)
  • Хелмут Шен 1964-1978 (14)
  • Јуп Дервал 1978-1984 (6)
  • Франц Бекенбауер 1984-1990 (6)
  • Берти Фогтс 1990-1998 (8)
  • Ерих Рибек 1998-2000 (2)
  • Руди Фелер 2000-2004 (4)
  • Јирген Клинсман 2004-2006 (2)
  • Јоахим Лев 2006-2021 (15)
  • Ханси Флик 2021-
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе