КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Германија сепак со Британците против Македонија

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоахим Лев, сепак ќе може да смета на играчите од англиските клубови за претстојните три натпревари во мундијалските квалификации, вклучувајќи го и оној против македонскиот состав на 31 март во Дујсбург.

Добрите вести за Лев, како што соопшти Германската фудбалска федерација, дојдоа откако локалните здравствени институции во Дујсбург се согласија да дозволат влез во Германија на фудбалери од Премиер лигата. За нив ќе важат условите од таканаречените „работни карантини“ кои не им дозволуваат контакт со лица надвор од просторот за тренинг и одигрување на натпреварите.

За влез од Обединетото Кралство на сила е задолжителен двонеделен карантин, мерка со која Германците се обидуваат да го спречат ширењето на британската мутација на COVID-19, а претходно таа одредба се однесуваше и на професионалните фудбалери.

Согласно дозволата од здравствените власти во Дујсбург, селекторот Лев за квалификациските натпревари во тој град против Исланд (25 март) и Македонија (31 март) ќе може да смета на играчот за врска на Манчестер Сити, Илкај Ѓундоан, голманот на Арсенал, Бернд Лено, како и на тројца фудбалери од редовите на Челзи, Тимо Вернер, Каи Хаверц и Антонио Ридигер.

Меѓу двата домашни натпревари, Германија на 28 март ќе ѝ гостува на Романија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе