Golf отпорен на куршуми

Принова на пазарот на блиндирани возила.

Некои ќе речат дека со оглед на цената, Golf сега припаѓа на ексклузивното друштво на скапи автомобили, управувано од богатите, па не треба да чуди што се нуди и блиндирана верзија.

Сепак, работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека блиндираниот Golf го нуди јужноафриканската компанија Armormak.

Редизајнираниот Golf може да издржи напади од повеќето пешадиски оружја кои вообичаено се користат за време на напади и обиди за киднапирање. Тоа е ниво на заштита Б4, кое обезбедува основна заштита од куршуми од пиштол и од сачми.

Посебно е интересно што автомобилот по модификацијата тежи само околу 180 килограми, така што нема премногу последици кога се во прашање перформансите, а не се потребни ниту модификации на суспензијата и сопирачките.

Најдобро од сè, автомобилот изгледа како обичен Golf без „оклоп“ и како таков не се истакнува на патот.

Преработката вклучува замена на сите прозорци со специјално балистичко стакло, додека страничните панели, покривот, лавиците и задните седишта се покриени со заштитна балистичка ткаенина.

Автомобилот е опремен и со радиосистем.

Конечно, цената. Блиндираниот Golf 8 GTI, придвижуван од 2.0 TSI мотор со 241 КС и 370 Nm, чини околу 100.000 евра со целата опрема.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе