КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Голманот Димитриевски: Германците не ни ја честитаа победата

Голманот на македонската фудбалската репрезентација Столе Димитриевски откри дека репрезентацијата на Германија не му честитала нему и на неговите соиграчи за големата победа во квалификациите за СП 2022 во Катар.

Фото: Twitter профил на Столе Димитриевски

Македонија ја победи Германија со 2:1 во 3. коло од групата Ј во Дујсбург. Така стана првата репрезентација што ја победила Германија во квалификациите за СП по 35 натпревари.

Не нѐ сфатија сериозно

Поразот беше толку тежок за Германците, па дури и не им го честитаа на македонските фудбалери сензационалниот триумф. Горан Пандев и Елиф Елмас погодија за победа, помогнати од капитенот на Динамо, Аријан Адеми.

„После голот на Пандев, мислеа дека ќе победат затоа што се Германија. Мислам дека не нѐ сфатија сериозно. Особено медиумите. Израмнија по пеналот и судијата им го прости на пеналот што го направи Емре Џан. Ама потоа заби Елмас и тоа беше фатално за нив. Дури и не ни ја честитаа победата. Тоа според мене не е во ред“, рече Димитриевски за Marca.

Нашата репрезентација сега има шест бода и е втора во групата зад Ерменија, која има максимални девет. Следат Германија со шест, по што следуваат Романија (3), Исланд (3) и Лихтенштајн (0).

URL

Кога судијата свирна крај, не ни се веруваше

„Тоа е лудило. Неверојатно. Кога судијата свирна крај, не ни се веруваше. Резултатот не изгледаше реално. Тоа беше наш момент. Најголемата победа за нашиот тим“, рече македонскиот голман.

Димитриевски верува дека неговата репрезентација ќе се бори за пласман на Светското првенство до самиот крај, и нагласи дека на претстојното ЕУРО ќе има „нагазна мина“.

„Ќе бидеме нагазна мина на ЕУРО. Сигурен сум“, рече тој.

„Рисовите“ на ЕУРО ќе играат во групата Ц против Австрија, Украина и Холандија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе