Губењето на сетилото за мирис може да предупредува на сериозна болест

Губењето на сетилото за мирис може да биде предупредувачки знак за Алцхајмерова болест во иднина, според една неодамнешна студија објавена во Neurology, медицинското списание на Американската академија за неврологија.

Оние што го носат генот APOE4 имаат поголем ризик и за развој на Алцхајмеровата болест и за губење на способноста за откривање на мирис, се наведува во наодите.

„Тестирањето на способноста на една личност да детектира мириси може да биде корисен начин за предвидување на идните когнитивни проблеми“, рече авторот на студијата Метју С. ГудСмит од Универзитетот во Чикаго во написот во списанието каде се зборува за резултатите од истражувањето.

„Иако се потребни повеќе истражувања за да се потврдат овие наоди и да се одреди кое ниво на губење мирис би можело да го предвиди ризикот во иднина, овие резултати би можеле да бидат ветувачки, особено во студиите кои имаат за цел да ги идентификуваат луѓето изложени на ризик од деменција во раните фази на болеста“, рече тој.

Во студијата, повеќе од 865 учесници пополниле две домашни анкети, направени со временска разлика од пет години меѓу нив, кои ја мереле нивната способност да детектираат и препознаваат мириси. Во истите интервали, тие исто така правеле тестови за вештини за да ја проценат нивната меморија и когнитивните функции.

Учесниците дале и примероци од ДНК за истражувачите да утврдат дали го носат генот APOE4. Оние што ја имале генската варијантата имале 37% помали шанси да детектираат мириси од оние што ја немале, откриле истражувачите.

Намаленото сетило за мирис првпат било забележано на возраст од 65 до 69 години. Таа група, исто така, покажала „побрз пад на нивните вештини за расудување“, се вели во наодите на студијата.

Д-р Шејлајџа Шах, геријатриски психијатар во клиниката „Кериер“ во Њу Џерси, говорејќи за Fox News рече: „Олфакцијата, или сетилото за мирис, опаѓа со нормалното стареење. Сепак, до денес има многу студии кои укажуваат на рано опаѓање на сетилото за мирис кај невродегенеративните болести како што се Алцхајмеровата болест, Паркинсоновата болест и фронтотемпорална деменција“.

Иако генот APOE4 е фактор на ризик за развој на Алцхајмерова болест, Шах истакна дека не сите луѓе со генот ќе развијат деменција.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе