Интер го претстави Симоне Инѕаги

Она што се шпекулираше по заминувањето на Конте, се оствари: Симоне Инѕаги од денеска е нов тренер на Интер.

Миланскиот клуб денеска извести дека со досегашниот предводник на Лацио потпишал двегодишен договор и тој ќе се обиде да го одбрани Скудетото освоено од Антонио Конте, како и да го предводи тимот кон позабележителен настап во Лигата на шампионите.

Како помал брат на далеку пославниот Филипо Инѕаги, Симоне играчката кариера ја почна во Пјаченца, каде и е роден. Играше како позајмен и за Карпи, Новара, Лумецане и Брешело пред во 1999 да се пресели во Лцаио, каде остана до крајот на кариерата, со исклучок на кратки авантури во Сампдорија и Аталанта. За репрезентацијата на Италија одигра само 3 натпревари бидејќи конкуренцијата во нападот во неговата ера едноставно беше преголема.

По пензионирањето во 2010 година Симоне остана во Лацио и ги водеше младинските категории. Во април 2016 беше назначен да го води порвиот тим како привремена замена по отказот на Стефано Пиоли. Новата сезона Лацио требаше да го води Марсело Биелса, но од непознати причини по нецела недела тој си замина од клубот, управата се најде во небрано, па реши Симоне да го постави како конечно решение.

Одлично си ја искористи укажаната шанса, го освои 5. место во Серија А, а стигна до финалето од Копа Италија каде загуби од Јувентус. Набрзо стигна првиот трофеј откако го победи Јуве во Суперкупот, потоа го освои и Купот совладувајќи ја Аталанта, како и втора Суперкуп титула, повторно на сметка на Јуве.

По 5 години на клупата на „Бјанкочелестите“, Инѕаги заминува со освоено шесто место во потрага по нов предизвик и поконкурентен клуб.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more
 

Спорт

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе