Израел ќе ги покрие сите нови нестанбени згради со соларни панели

Израел има значителни енергетски амбиции, па затоа е наредено сите нови нестанбени згради да имаат соларни панели на покривот, што ќе ѝ помогне на земјата да ги постигне своите цели за обновлива енергија.

Намерата е да се задоволи брзорастечката потреба на населението од електрична енергија.

Иако Израел има доволно сончева светлина, нејзиниот опсег е премногу мал за да се потпре на традиционалните копнени фотоволтаични електрани. Ветерната енергија и хидроенергијата исто така не се опции за нацијата.

Рон Елфер, шеф на одделот за одржлива енергија во Министерството за енергија, изјави за Ројтерс дека Израел е силно зависен од сонцето како обновлив ресурс, но нема земја за соларни фарми.

Поради ова, земјата заостанува зад планираната реализација на нејзината амбициозна цел до 2030 година да добие 30 отсто од електричната енергија од обновливи извори.

„Мораме да преземеме некои драматични чекори“, рече Ајфер.

Чекорите вклучуваат владина наредба, која ќе стапи на сила за 180 дена, со која се бара сите нови нестанбени згради да бидат опремени со соларни панели на нивните покриви. Минатиот месец беше усвоен предлогот за донесување на државниот буџет.

Израел веќе докажа дека таквите иницијативи можат да успеат. Владата пред 10 години побара од населението да користи бојлери на соларна енергија, а денес ваквите бојлери трошат 8 отсто од електричната енергија.

За жал, повеќето комерцијални соларни полиња во Израел се изградени во јужната пустина Негев, далеку од најголемите и најнаселените градови.

„Покрај губењето на електричната енергија при транзит од долги растојанија до центарот на земјата, важно е да се одржуваат отворени простори. Не можете само да ја покриете целата пустина со соларни панели. Затоа ни треба повеќе соларна енергија каде што има поголема побарувачка за електрична енергија, која доаѓа од соларни панели поставени на покриви и кои имаат двојна намена“, рече Ајфер.

Тој додаде дека околу 60 отсто од новите панели ќе имаат двојна намена, ќе се користат како покриви, а ќе произведуваат и енергија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе