Како да спречите појава на запек додека сте на одмор?

Запекот е проблем што може да се случи поради повеќе причини, а многу луѓе доживуваат запек кога патуваат.

Со оглед на тоа дека летото е време за годишни одмори, а со тоа и патување, подолу одбравме совети кои би можеле да ви помогнат да избегнете проблеми со запек на одмор.

Чекори за спречување на запек додека патувате:

1) Колку што е можно, обидете се да се држите до вашата вообичаена рутина кога станува збор за јадење и спиење. Јадете што е можно повеќе оброци во моментот кога вообичаено ги јадете и легнувајте си што е можно почесто во вашето вообичаено време.

2) Обидете се да го намалите внесот на кофеин и не претерувајте со алкохолот, бидејќи и двата може да ве дехидрираат и да го зголемат ризикот од запек.

3) Избегнувајте меѓуоброци и оброци кои може да доведат до намалена активност на дебелото црево. Тоа значи дека би било добро да се избегнуваат, на пример, месните производи и сирењата.

4) Јадете меѓуоброци кои содржат пробиотици за поттикнување на растот на здрави бактерии за редовно и здраво празнење на дебелото црево. Можете да почнете да го правите ова уште пред патувањето и на тој начин да дејствувате на време.

5) Бидете внимателни со новата храна на местата каде што патувате. Различни земји имаат различни состојки и методи на готвење кои можат да влијаат на дебелото црево на неочекуван начин.

6) Обидете се да останете активни на патувањето. Обидете се да имате најмалку 20 минути активност дневно, или околу 150 минути неделно. Ако го поминете вашиот одмор на море, ова треба да биде многу едноставна задача - пливање.

7) Штом почувствувате потреба, одете во тоалет. Колку подолго столицата останува во дебелото црево, толку е поголема веројатноста таа да стане сува и тврда. Можеби непријатно ви е одењето во јавен тоалет или било кој друг тоалет кој не е во вашиот дом, но игнорирањето на нагонот ќе ви направи проблеми затоа обидете се да станете личноста која оди во тоалет кога ќе почувствува потреба. Вашето тело ќе ви се заблагодари многу.

8) Јадете влакна. Знаеме дека здравата исхрана може да биде предизвик при патување и дека е лесно да се заменат житарките со колачи. Но, токму недостатокот на влакна често предизвикува запек, без разлика дали сте на одмор или не. Затоа, потрудете се да внесувате овошје и зеленчук во вашата исхрана за одмор секој ден.

9) Пијте многу течности. Пиењето многу вода ќе ви помогне да ја направите столицата помека. Пиењето доволно течности ќе спречи и дехидрација, што може да предизвика запек.Секогаш имајте шише со вода со себе и држете го наполнето.

10) Ако спаѓате во групата на луѓе кои одат во тоалет во одредено време од денот, направете се што можете за да се осигурате дека дел од рутината не се менува на одмор.

Кога да се јавите на лекар?

Не е невообичаено да се јави запек додека патувате. Меѓутоа, ако често имате симптоми на запек или ако вашиот запек трае со денови, без индикации дека ќе дојде до празнење, треба да посетите лекар.

Некои од симптомите за кои треба да размислите за одење на лекар се следниве:

– немате столица повеќе од една недела

– чувствувате силна болка или стегање во долниот дел на стомакот

– трпите силни болки при одење во тоалет

– имате крв во столицата

– сте изгубиле тежина без очигледна причина

- вашата активност на дебелото црево одеднаш се промени без очигледни промени во исхраната и/или начинот на живот.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе